T- Mobile го претстави Huawei Ascend p6 со само 6,18 мм
Објавено во: Стил 26 Септември, 2013 15:55
Овој паметен телефон користи и кориснички интерфејс Emotion UI. Инспириран од корисниците низ целиот свет, Huawei собра податоци од над 5 милиони корисници, кои помогнаа да се оптимизира последната верзија на Emotion UI. Подобрениот кориснички интерфејс вклучува низа подобрувања на Uni-Home, како зголемена безбедност, Huawei Me Widget, MagicTouch и SmartReading. Новина во Huawei’s Emotion UI е тоа што сега нуди панорамско фотографирање и можност за препознавање лица на фотографиите.
Уникатнaта батерија за оптимизација Automated Discontinuous Reception (ADRX) и Quick Power Control (QPC) и технологијата за зачувување на енергијата ги подобрува перформансите за повеќе од 30%, во споредба со батериите на паметните телефони со иста големина. Со неговите мулти AirSharing можности, можете да се поврзете со голем број уреди и на тој начин да ја зголемите својата продуктивност во работата, лесно да споделувате документи од уред на уред или да го подобрите гејмерското искуство.
Huawei Ascend P6 ќе биде достапен во Македонија исклучиво во продавниците на Т-Мобиле, во почетокот на октомври 2013 година, во црна и бела боја. Сите заинтересирани корисници за овој телефон ќе може да ја искористат можноста да го купат со попуст од 10 % доколку се регистрираат на www.t-mobile.com.mk или, пак, да подигнат ваучер во некоја од најблиските продавници на Т-Мобиле во периодот од 26.9.13 до 9.10.13. Искористувањето на попустот е во периодот од пристигнувањето на 1.10.2013 до 31.10.2013.
За Huawei
Кон крајот на 2012 година производите на Huawei и нивните услуги се распространети во повеќе од 140 земји, опслужувајќи повеќе од една третина од светското население. Huawei, исто така, воспостави повеќе од 20 R & D-центри низ целиот свет, меѓу кои и во земјите: САД, Германија, Шведска, Русија, Индија и Кина. Consumer business се едни од трите Huawei бизнис-групи што нудат палета на производи како мобилни телефони, мобилни широкопојасни интернет-уреди, домашни уреди, Cloud-сервиси и кориснички чипсети. Со повеќе од 20 години богата бизнис-експертиза во информатичката и комуникациска технологија (ICT), богата глобална мрежа, огромни глобални бизнис-операции и партнери, Huawei преку Huawei-уредите е посветен на овозможување на најновата технологија за потрошувачите, нудејќи свет на можности и создаваjќи извонредни искуства за луѓето насекаде.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





