26 Април, 2024
0.0284

ТАГОРЕ:„Оние кои учат, а не го применуваат своето знаење, се слични на селаните кои ораат, а не сеат.“

Објавено во: Стил 04 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Рабиндранат Тагоре е индиски филозоф, писател и музичар (1861 – 1941). Одгледан во богато и образовано бенгалско семејство, се школувал во Англија. Прифаќајки ги еманципираните сфаќања на Западот вклучувајќи ги и политичките, Тагоре ги отфрла материјализмот и прагматизмот, држајќи се на темелите на универзалниот морал и културен идентитет во различностите дека може да се изгради праведно и слободно општество. Во политиката ја поддржувал борбата на Махатма Ганди.

Во 1913 година ја добил како прв Азиец Нобеловата награда за книжевност.

Денес ви пренесуваме неколку мудрости од овој мудрец.

„Бистрата река на разумот не го губи својот пат во сувиот песок на навиките.“

„Не смееме да ја судиме и цениме цивилизацијата по основа на тоа колку моќ има, туку по тоа колку во своите закони и дела ја изразила љубовта кон човекот.“

„Цветот со тага ги губи своите латици, но наместо нив со радост го очекува плодот.“

„Човекот од оружјето направи свој Бог. И кога оружјето ќе победи, човекот ќе остане поразен.“

„До вистината можеме да дојдеме само ако ни е дадена слобода да грешиме.“

„Кога ќе стане животно, човекот е полош и од животните.“

„Водата во садот е бистра, а водата од морските длабочини е темна. Мала вистина има во зборовите кои се јасни, а голема вистина има во молчењето.“

„Малата пупка ги растворува латиците велејќи: О, драг свету, немој да овенеш!“

„Мажите знаат само да мислат. Жените имаат свој начин да разбираат без да мислат.“

„Не постои поезија која може да се издигне до оние висини до кои може да допре љубовта.“

„Несовршенството не е негација на совршенството. Конечноста не ја негира бесконечноста. Тоа значи дека целината се искажува во делови и бескрајот се открива во границите.“

„Ниеден народ не може да се спаси одвојувајќи се од другите. Или ќе се спасиме заедно или заедно ќе пропаднеме.“

„Нема ништо полесно од уништувањето на внатрешната слобода на човекот во име на надворешната слобода.“

„Оние кои учат, а не го применуваат своето знаење, се слични на селаните кои ораат, а не сеат.“

„Она што ни е потребно за да можеме да бидеме слободни е љубовта. Таа има сила со радоста да го носи бремето на светот.“

„Реката може да стане море, но нема никогаш да постигне морето да биде дел од неа.“

„Само тоа што го правиме од љубовта го правиме слободно, независно колку патење произлегло од тоа.“

„Спиев и сонував дека животот е радост. Се разбудив и открив дека животот е служење. Се предадов на служењето и открив дека служењето е радост.“

„Свету, кога ќе умрам, во својата тишина сочувај само еден збор за мене: Љубев.“

„Во љубовта исчезнуваат сите животни спротивставености.“

„Големата Божја моќ е во благоста на ветрот, а не во бурите.“

„Големите срца сакаат, малите бараат да бидат сакани.“

„Заради изминатата љубов, животот е побогат.“

„Ако ја затворите вратата на своите грешки, ќе ја затворите и на вистината.“

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти