15 Декември, 2025
0.0636

Тајна епрувета ги спаси американските пациенти од ебола?

Објавено во: Свет 04 Август, 2014 22:00

Добивај вести на Viber

Три супер-тајни експериментални епрувети, кои се чувале на температура по нулата, со авион биле префрлени во Либерија минатата недела во последен очајнички обид да се спасат американските мисионери заразени со вирусот на ебола, објави Си-Ен-Ен. Лекарот Кент Брентли и медицинската сестра Ненси Врајтбол се верува дека се заразиле од друг вработен во болницата во Либерија во која го лекувале болното население. Претставник на Националниот институт за здравје ја контактирал нивната организација во Либерија и понудил експериментален третман познак како ЗМапп. Овој лек го развила биотехнолошката компанија Мапп Биофармацеутикал, а на пациентите им било кажано дека лекот никогаш порано не бил испробан на луѓе, но оти дал ветувачки резултати на експериментите на мајмуни. Според документите на компанијата, осум мајмуни инфицирани со ебола преживеале по третманот со оваа терапија во првите 24-48 часа по инфекцијата, додека еден мајмун кај кого терапијата била започната пет дена по изложеноста со ебола починал. Брентли и Врајтбол биле свесни за ризиците, но се согласиле лекот да се проба и на нив. Но, додека мајмуните терапијата ја примиле во рок од 48 часа од инфекцијата, кај Брентли веќе биле поминати девет дена. Лекот се добива така што глувци биле заразени со фрагменти од вирусот ебола, а потоа антителата кои ги развиле биле искористени за да се создаде лек кој спречува вирусот да навлезе во нови клетки. Епруветите со овој лек стигнале во болницата во Либерија, а на лекарите им било кажано да остават да се загреат по природен пат пред употреба. На овој начин биле потребни околу 10 часа за ЗМапп да биде достаопен за користење за пациентите. Брентли најпрвин барал неговата колешка Врајтбол да ја прими првата доза затоа што тој бил помлад и сметал дека неговиот имунитет ќе издржи подолго. Меѓутоа, додека епруветата се загревала, неговата здравствена состојба толку се влошила, што тој им кажал на лекарите дека умира. Бидејќи втората доза била уште замрзната тој побарал да ја прими првата доза, а само еден час потоа неговата состојба драстично се подобрила, така што лекарите целата ситуација ја опишале како „чудо“. Врајтбол исто така го примила лекот. Реакцијата кај нејзе не била толку чудесна, но веќе по втората доза се чувствувала значително подобро. На овој начин тие биле зајакнати доволно за да можат да ја издржат евакуацијата во САД. ЗМапп не е одобрен за употреба на луѓе и уште не е во фаза за клинички тестирања со кои би се потврдила безбедноста и ефикасноста на лекот. Процесот со кој овој лек им бил овозможен на овие двајца пациенти е исклучително необичен и веројатно е одобрен како „употреба од сочувство“ од страна на Администрацијата за храна и лекови на САД. Оваа употреба дозволува пристап до експериментални лекови надвор од клиничките тестирања. Да се добие дозвола за ваква употреба е исклучително сложен и долготраен процес, но во овој случај, заразените добиле пристап до лекот за само 10-тина дена по заразата со вирусот на ебола. Професорот Џон Ештон, угледен медицински експерт од Велика Британија денеска објави дека големите фармацевтски компании не сакаат да инвестираат во развивање на вакцина или лек за еболата затоа што од оваа болест најмногу се заразуваат и умираат сиромашни Африканци и малцинства кои немаат моќ ниту пари за да платат скапо лекување. Ештон потсетува дека ангажманот за откривање на лек за СИДА-та се интензивираше дури откако болеста започнала да ги напаѓа западните земји. Од најновата појава на вирусот на ебола во Западна Африка засега починале 729 лица, а двојно повеќе се заразени.  

Можеби ќе ве интересира

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела