Тајниот јазик на туристичките брошури!
Објавено во: Стил 03 Јуни, 2013 10:22
Ако пишува во брошурата: „Новоотворениот хотел“
Што имаат во предвид: дека малтерот сеуште е влажен, а персоналот уште работи на тоа да проговори на заеднички јазик ...
Ако во брошурата пишува: во хотелот е задржан дел од својата оригиналност и автентичност
Што сакаат всушност да кажат: хотелот не е поправен, очекувајте распаѓање на делови од зградата
Доколку пишува во брошурата: „Со поглед на море“
Што всшност сакаат да кажат: Ова не значи дека собата е точно со поглед кон морето...
Ако пишува во брошурата: „морски поглед“
Што агенциите мислат: дека не значи директен поглед од хотелската соба кон морето, туку дека се гледа како позадина на соседните хотели
Доколу во брошурата пишува: "интернационала атмосфера"
Тоа што го имаат во предвид: комуникацијата на англиски јазик е можна, но не и со целиот персонал...
Ако пишува во брошурата: "диво и романтично место"
Всушност сакаат да кажат: целосно изолирано, нема соодветен пат во близина, но целосно е достапно со ... хеликоптер, на пример.
Доколку во брошурата пишува: „природна градина“
Што имаат во предвид: дека во собите исто така треба да бидете подготвени за гуштери, глувци и секакви инсекти ...
Ако пишува во брошурата: "оживеано"
Агенциите сакаат да кажат: дека градската бучава продира и во хотелската соба
Доколку во брошурата пишува: „растечко одморалиште“
Што имаат во предвид агенциите: многу градилишта и неразвиената локална инфраструктура
Ако во брошурата пишува: "добро развиена туристичка дестинација"
Агенциите всушност мислат: ако сакате да се спрепнете од соседот на плажа и да гледате море од хотели, наместо самото море, ова е местото за вас.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





