20 Декември, 2025
0.0863

Тајните на синџирот на снабдување и менаџмент на логистика

Објавено во: Мои пари 17 Јуни, 2015 13:48

Добивај вести на Viber

Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ на Академијата за Менаџери во Скопје, од 3 до 5 јули ќе одржи предавање на тема Логистика и управување со синџирот на снабдување во меѓународна средина.

Предавањето, што ќе го води професор Д-р Панајотис Кетикидис ќе го истакне значењето и важноста на синџирот на снабдување во еден беспрекорно развиен и интегриран систем од услуги и производи.

tajni na singirot

Новите, современи методологии во пристапот и менаџирањето со организациите, го издвојуваат синџирот на снабдување како суштински во секој оддел и за секој вработен во рамките на организацијата, како што се инженери, менаџери на продажба, оперативни менаџери, менаџери за логистика, специјалисти за продажба, финансии итн.Покрај дефинирањето на функциите, менаџирањето и управувањето со синџирот на снабдување, ќе бидат анализирани и идните предизвици кои ги очекуваат менаџерите за логистика. Според најновите сознанија интеграцијата на организациите во рамките на еден синџир на снабдување е вреднувана како една од основните конкурентни стратегии, која се очекува да ги издвои лидерите на идната генерација.

Филозофијата и главната намена на ова предавање е да обезбеди увид во она што синџирот на снабдување претставува, зошто тој станува сѐ поважен и ги обединува и усогласува процесите и организациските активности во секој смер, со цел заеднички да се споделуваат резултатите и наградите.

Д-р Панајотис Кетикидис, заменик директор за истражување, иновации и меѓународни односи на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ и Академски директор на докторската програма на Центарот за истражување на Југоисточна Европа(SEERC), има над 25 годишно искуство во едукација и истражувањето во сферата на логистика и управување со синџирот на снабдување. Неговите истражувачки интереси се во делот на синџирот на снабдување, информатика во здравството, иновации и регионален развој, како и во делот на научните дисциплини со цел разбирање на денешните и идните комплексни проблеми во оваа сфера. Тој има над седумдесет публикации во форма на статии, книги, конференциски материјали, технички статии и извештаи.

Рокот за апликација е отворен до 30 јуни, а деталите во врска со предавањето се објавени на веб страницата на Академија за менаџери, www.managersacademy.mk

За повеќе информации, заинтересираните кандидати, исто така можат да се обратат и до канцеларијата на Академијата за менаџери во Скопје, на телефонскиот број (02) 3064 533 или на е-маил адресата: office@managersacademy.mk

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии