14 Април, 2024
0.0255

TAКЕР ЗА ПРИЧИНИТЕ ЗОШТО ПУТИН ЈА НАПАДНАЛ УКРАИНА: Мислев дека тоа е една од најглупавите работи што некогаш сум ги слушнал

Објавено во: Свет 01 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Aмериканскиот новинар Такер Карлсон го критикува оправдувањето на рускиот претседател Владимир Путин за инвазијата на Украина велејќи дека денацификацијата на земјата е „една од најглупавите работи што некогаш ги слушнал“. Со водителот Лекс Фридман на поткаст објавен во вторникот, Карлсон го коментира своето контроверзно интервју со рускиот претседател.

Карлсон кажа дека првиот впечаток му е дека Путин изгледал нервозно и дека влегол во интервјуто како преподготвен студент. Фридман го прашал Карлсон што мисли за оправдувањето на Путин да продолжи да води војна во Украина, пишува „Њузвик“.

„Мислев дека тоа е една од најглупавите работи што некогаш сум ги слушнал. Не разбрав што значи. Го мразам целиот тој разговор бидејќи не е реален. Тоа беше само ad hominem. Тоа беше начин да се поврзе некого со злобниот режим, кој повеќе не постои“, објасни Карлсон.

Како што кажа Карлсон, нацизмот повеќе не постои затоа што е „неразделен од германската нација“. 

„Јас сум многу антинацист. Само велам дека во 2024 година нема нацистичко движење. Тоа е начин луѓето да се прикажат злобни“, рече Карлсон.

Рускиот лидер во континуитет тврди дека целта е денацификација на Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е Евреин, постојано ги отфрла тврдењата на Кремљ дека владата во Киев е отворено пронацистичка. Интервјуто на Такер и Путин побуди голем интерес. 

Можеби ќе ве интересира

Како Израел го преживеа еден од најголемите напади: Повеќеслојната одбрана одигра клучна улога

Како Израел го преживеа еден од најголемите напади: Повеќеслојната одбрана одигра клучна улога

ТОЛКУ БЕШЕ: Иран го прогласи нападот на Израел за завршен

ТОЛКУ БЕШЕ: Иран го прогласи нападот на Израел за завршен

САКАЛ ДА БИДЕ ЕСКОРТ: Познат идентитетот на човекот кој избоде шест лица до смрт во Сиднеј

САКАЛ ДА БИДЕ ЕСКОРТ: Познат идентитетот на човекот кој избоде шест лица до смрт во Сиднеј

Иран го нападна Израел со стотици дронови и ракети

Иран го нападна Израел со стотици дронови и ракети

УНГАРИЈА ПРОТИВ ЧЛЕНСТВОТО НА ПРИШТИНА ВО СЕ: Будимпешта нема да ја поддржи резолуцијата за Сребреница

УНГАРИЈА ПРОТИВ ЧЛЕНСТВОТО НА ПРИШТИНА ВО СЕ: Будимпешта нема да ја поддржи резолуцијата за Сребреница

СВАДБА КАКО ОД ХОРОР ФИЛМОВИ: Затруени 53 лица, меѓу нив и 13 деца

СВАДБА КАКО ОД ХОРОР ФИЛМОВИ: Затруени 53 лица, меѓу нив и 13 деца

Сите заглавени во кабините на жичарницата се спасени по инцидентот во Анталија, едно лице загина

Сите заглавени во кабините на жичарницата се спасени по инцидентот во Анталија, едно лице загина

„Нетанјаху создава кризи за да ја продолжи војната“: тврдат аналитичарите - 84 отсто од Израелците го гледаат како неуспешен лидер

„Нетанјаху создава кризи за да ја продолжи војната“: тврдат аналитичарите - 84 отсто од Израелците го гледаат како неуспешен лидер

ВО АНГЛИЈА ПРОНАЈДЕНИ ОСТАТОЦИ НА БЕБЕ: приведени пет лица, полицијата се уште истражува

ВО АНГЛИЈА ПРОНАЈДЕНИ ОСТАТОЦИ НА БЕБЕ: приведени пет лица, полицијата се уште истражува