20 Декември, 2025
0.0626

Таки Фити: Мора да сме крајно претпазливи со идните задолжувања

Објавено во: Економија 18 Април, 2013 19:50

Добивај вести на Viber

Мора да бидеме многу внимателни кон идните задолжувања на државата, побараа експертите на денешната трибина за европската должничка криза која се одржа на Економскиот факултет. Осврнувајќи се на анализата на Меѓународниот монетарен фонд за Македонија, професорот Таки Фити побара поголема претпазливост од надлежните. „Дел од експертите досега неколку пати предупредија дека треба да бидеме внимателни околу динамиката на идното задолжување. И ММФ даде јасни сигнали, иако тие секогаш се служат со дипломатски речник. Ама ако читате меѓу редови ,тие јасно кажаа дека Македонија мора да го стабилизира надворешниот долг, значи не смее да ја зголемува динамиката на натамошното задожување, мора да инвестира во крупната економска инфраструктура оти само така ќе се намалат трошоците за водење бизнис. Исто така Македонија мора и да го динамизира растот. Значи најдобар начин да го намалите учеството на долгот во БДП е да го зголемите БДП, тоа е проста математика“, посочи професорот. Тој исто така укажа на фактот дека полека , но сигурно се тенчи просторот за идни задолжувања на државата. „Анализата на ММФ вели дека земја како Македонија дозволено е да има јавен долг од 31 до 39% од БДП, ние сега имаме 33% а може и повеќе оти ние го земаме долго само на Централната власт, не земајќи го јавниот долг на локалната власт... значи мора да бидеме крајно претпазливи и тоа ни е е дадено како предупредување“, анализира Фити.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба