18 Април, 2025
0.0397

ТАКТИЧКИ ПОТЕГ НА ВАШИНГТОН - Унгарскиот премиер за таканаречената „тарифна војна“

Објавено во: Свет 11 Април, 2025 19:25

Добивај вести на Viber

Таканаречената „тарифна војна“ меѓу САД и другите земји е тактика за преговарање зделки кои се поволни за Америка, по што војната ќе се претвори во мир за неколку месеци, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

- Тарифната војна е тактичко прашање... Ситуацијата во моментов се развива спирално, на крајот Американците по ред ќе се договорат со сите земји и ќе се појави нов баланс и ситуација. Ќе трае месец-два, мислам дека нема да биде долго, бидејќи оваа тарифна војна наскоро ќе прерасне во тарифен мир - изјави Орбан за радио „Кошут“.

Унгарскиот премиер објасни дека не треба да се погодува што е значењето на сегашниот процес, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп пред изборите изјави дека има намера да ја подобри позицијата на Америка во светската трговија, а воведувањето царини е тактика за охрабрување на партнерите да преговараат за нов царински договор со САД.

Според него, „тарифната војна“ во моментов привлекува големо внимание, но нејзината важност е многу помала од конфликтот во Украина или пристапувањето на Киев во Европската унија, бидејќи овие прашања, за разлика од царините, имаат долгорочна перспектива, пренесуваат медиумите од соседството

На 2 април, Трамп потпиша извршна наредба за воведување „реципрочни“ царини за увоз од други земји. Нивната основна стапка е 10 проценти.

Од друга страна, од 9 април се воведени зголемени стапки за 57 земји, кои се пресметуваа врз основа на трговскиот дефицит на САД со одредена земја, така што наместо дефицит, ќе има салдо.

Сепак, Трамп на 9 април објави дека повеќе од 75 земји не презеле одмазднички мерки и побарале преговори, така што основните увозни царини од 10 отсто ќе бидат во сила 90 дена за сите, освен за Кина.

По серијата чекори во трговската војна, дополнителната американска „реципрочна“ царина за кинески стоки достигна 125 отсто, а кинеската тарифа за американски стоки исто така достигна 125 отсто.

Можеби ќе ве интересира

„ИМАТЕ САМО НЕКОЛКУ ДЕНА, АКО НЕ ПОСТИГНЕМЕ ДОГОВОР САД СЕ ОТКАЖУВААТ“: Рубио со ваков тон за војната во Украина

„ИМАТЕ САМО НЕКОЛКУ ДЕНА, АКО НЕ ПОСТИГНЕМЕ ДОГОВОР САД СЕ ОТКАЖУВААТ“: Рубио со ваков тон за војната во Украина

СКАНДАЛ ВО ФРАНЦИЈА, КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПАРИЗ И ДОДЕЛИЛ СОЦИЈАЛЕН СТАН НА МЛАДАТА ДЕВОЈКА: Отворена истрага за активна и пасивна корупција

СКАНДАЛ ВО ФРАНЦИЈА, КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПАРИЗ И ДОДЕЛИЛ СОЦИЈАЛЕН СТАН НА МЛАДАТА ДЕВОЈКА: Отворена истрага за активна и пасивна корупција

ЕВРОПА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ДОЛГА ВОЈНА ВО УКРАИНА, НИШТО ОД ГАРАНЦИИТЕ НА ТРАМП: „Дали тој навистина сака да ја заврши војната“?

ЕВРОПА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ДОЛГА ВОЈНА ВО УКРАИНА, НИШТО ОД ГАРАНЦИИТЕ НА ТРАМП: „Дали тој навистина сака да ја заврши војната“?

УБИЕЦОТ Е 20-ГОДИШНИОТ СИН НА ЗАМЕНИК ШЕРИФОТ, ГО КОРИСТЕЛ ПИШТОЛОТ НА НЕГОВАТА МАЈКА: Уби две лица и рани пет на државниот универзитет во Флорида

УБИЕЦОТ Е 20-ГОДИШНИОТ СИН НА ЗАМЕНИК ШЕРИФОТ, ГО КОРИСТЕЛ ПИШТОЛОТ НА НЕГОВАТА МАЈКА: Уби две лица и рани пет на државниот универзитет во Флорида

ВРЕМЕНСКИ ФЕНОМЕН НА ВЕЛИКИ ПЕТОК, СНЕГ ВО ГЕРМАНИЈА, А КАЈ НАС НЕВРЕМЕ: Температурата од 29 степени ќе падне под нула

ВРЕМЕНСКИ ФЕНОМЕН НА ВЕЛИКИ ПЕТОК, СНЕГ ВО ГЕРМАНИЈА, А КАЈ НАС НЕВРЕМЕ: Температурата од 29 степени ќе падне под нула

УКРАИНА И САД ЌЕ ПОТПИШАТ ДОГОВОР ЗА МИНЕРАЛИТЕ: Трамп откри кога ќе се случи тоа

УКРАИНА И САД ЌЕ ПОТПИШАТ ДОГОВОР ЗА МИНЕРАЛИТЕ: Трамп откри кога ќе се случи тоа

ТРАМП ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Не сум негов голем фан

ТРАМП ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Не сум негов голем фан

НАДВОР ОД ПРОЦЕДУРИТЕ: Истражување покажа дека руски олигарси добиле српски државјанства

НАДВОР ОД ПРОЦЕДУРИТЕ: Истражување покажа дека руски олигарси добиле српски државјанства

(ВИДЕО) ДОСЕГА ПОТВРДЕНИ ЧЕТИРИ ЖРТВИ: Се трага по 11 луѓе откако падна кабина од жичница во Италија

(ВИДЕО) ДОСЕГА ПОТВРДЕНИ ЧЕТИРИ ЖРТВИ: Се трага по 11 луѓе откако падна кабина од жичница во Италија