Талат Џафери повикан како сведок на суд
Објавено во: Македонија 18 Септември, 2020
Талат Џафери, претседателот на Собранието, е повикан како сведок на предлог на одбраната во Основниот кривичен суд во Скопје во рамки на рочиштето за организирање на настаните на 27 април 2017.
Треба да бидат сослушани осум пратеници од поранешниот состав, меѓу кои е и актуелниот спикер на законодавниот дом. На минатото рочиште на предлог на одбраната на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, Илија Димовски, Благој Деспотовски, Весна Дамчевска Илиевска и Весна Пемова јиу своевремено исто така беа пратеници.
Покрај Вељаноски, обвинети за овој случај се уште поранешните министри за транспорт и врски и за образование - Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Предметот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.