Talk to me...dirty
Објавено во: Стил 04 Февруари, 2019 09:24
Седнати на Jameson и кикирики во неврзан муабет за се’ и сешто кој секогаш изобилува со доза на смеа, тага, хумор и сурова вистина, една моја блиска и драга личност ми кажа една интересна работа на која имав заборавено:
“Остави ги луѓето да зборуваат Анио, така ќе дознаеш многу за нив”. (Да, Анио или Анино ме вика, зависи од расположението и моменталната инспирација).
Нејсе, ме натера да го измозгам ова. И не мислеше на она зборување кое е уствари дијалог меѓу двајца, туку токму на она што се случува меѓу два такви муабети, кога од рандом истресени работи кои веднаш ги забораваме може да ни стане кристално јасно со кого си имаме работа. Навистина, еве барем јас признавам дека кога разговарам со некого, многу често низ уши ми претрчуваат некои изјави и зборови, без да обрнам внимание, оти сум сконцентрирана на одредена тема.
Природата ни дала моќ да можеме да ги артикулираме нашите мисли и да ги преточуваме во зборови. Како старееме и низ животот минуваме низ секакви ситуации преку кои се формираме и челичиме, така ни се полнат и умовите, па и потсвеста. Скоро секогаш, она што излегува од нас “сосем случајно” е одраз на она што сме го потиснале од предрасуди, срам, страв или, во најлош случај, лошотилак.
Целата колумна на Ана Бунтеска читајте ја на Женски магазин, тука.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





