24 Ноември, 2024
0.0310

„Таргет груп“ и „Бизнис мрежа“ злоупотребуваат податоци од Централен регистар, добија кривична пријава!

Објавено во: Економија 19 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Скандал со злоупотреба и неовластена препродажба на податоци кои ги чува и смее да ги дава само и единствено државниот Централен регистар (ЦР)! „Таргет груп“нуди услуги преку платформата „Бизнис Мрежа“ и при тоа незаконски како извор на податоците го наведува ЦР, што е спротивно на сите правни регулативи во државата, а се злоупотребува име на самостоен државен орган, тврдат од Централниот регистар. ЦР пред 5 години утврдил дека овој клиент комерцијално злоупотребува т.е. препродава нивни податоци, интервенирал така што на „Таргет груп“ им го раскинал договорот и ја пријавил злоупотребата. МВР за кратко време по пријавата на ЦР поднело кривична пријава против „Таргет груп“ за продажба на податоци преку електронската платформа „Бизнис мрежа“ до скопското Основно јавно обвинителство (ОЈО). „Фактор“ чека одговори од ОЈО кои веднаш штом ги добие ќе ги објави во целост. Доколку е точно тврдењето на ЦР произлегува дека самостоен државен орган пет години е малтретиран и злоупотребуван од приватна фирма. И ако е така, најстрашно е што единствената легитимна државна база на податоци, за тоа овластена со посебен закон, не може да се одбрани од приватна фирма што ги препродава тие податоци. Тогаш се поставува прашањето колку лица и фирми корисници на услугите се злопутребени од „Таргет груп“ и нивниот продукт Бизнис мрежа??? И колку се релевантни нивните податоци?

„Таргет груп“ комерцијално злоупотребува податоци од базите на Централен регистер со тоа што ги препродава преку својата платформа Бизнис мрежа и наведува во своите анализи дека податоците се од базите на Централниот регистар на РСМ иако нема договор за превземање податоци уште од 2016 година. Ова го тврди Централниот регистар на РС Македонија за „Фактор“ при што потенцира дека станува збор за кривично дело по член 251 од Кривичниот законик – оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системсо што директно се оштетува државата преку неовластена препродажба на податоци од државен самостоен орган (во случајов Централен регистер на РСМ н.з.).

Таргет груп е фирма што неколку години наназад нуди пакети со податоци за финансиски резултати на компании и други правни лица како и измени и податоци од правниот промет во земјава за истите тие правни субјекти. Податоците во различни пакети ги нуди нејзината платформа наречена Бизнис мрежа. Сопственик е домашно приватно правно лице ДООЕЛ Таргет груп од Скопје во сопственост на Таргет – Холдинг од Скопје кое е сопственост на две домашни физички лица.

Оваа платформа т.е. Бизнис мрежа на клиенти правни и физички лица им нуди пакети податоци од финансиски перформанси и од правен промет кои по закон има право да ги чува, архивира и дистрибуира, како што тврди, Централниот регистар (ЦР). Овој државен орган петта година , според нивно кажување, се соочуваат со нелојална конкуренција. ЦР е правен ентитет што со закон е единствен орган што има јавно овластување да води регистри со податоци за финансии, хипотеки, залози, правни и други промени во земјава. Стручните лица од ЦР во 2016 година утврдиле дека „Таргет груп“ врши злоупотреба на нивните податоци со тоа што ги препродава!

„Во текот на 2016 година по претходни сознанија и утврдена фактичка состојба дека податоците на ЦР се предмет на препродажба односно комерцијално се злоупотребуваат како и по спроведената анализа на количината на податоци кои се набавени од ЦР и оние кои се нудат на пазарот, беше утврдено дека Таргет Груп на корисниците им нуди податоци во многу поголем обем од оние што ги презел од ЦР.  За ова, ЦР со допис го извести МВР, а во месец август 2016 година беше покрената истрага и ОЈО отвори предмет против Таргет Груп. Поднесената кривична пријава против Таргет Груп ДОО е за кривично дело по чл. 251 од КЗ на РСМ – оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем. Од тој момент ЦР ја прекина соработката за користење податоци од страна со Таргет Груп ДОО, а кривичната постапка е сè уште во тек.“ информираат за „Фактор“ од ЦР.

Дали е „Бизнис мрежа“ - „Али Експрес“ за продажба на податоци?

Од ЦР дополнуваат дека во периодот по 2016, иако Таргет Груп ДОО не соработува со ЦР, односно нема склучено договор за користење на податоци од регистрите кои ги води ЦР, истиот сè уште нуди услуги преку платформата „Бизнис Мрежа“ и при тоа незаконски како извор на податоците го наведува ЦР, што е спротивно на сите правни регулативи во државата, а се злоупотребува име на самостоен државен орган. Потенцираат дека единствено ЦР располага со точни и веродостојни податоци, а секое нивно обработување и препродавање на трети лица за други намени од страна на даватели на услуги како што е Таргет Груп ДОО е злоупотреба и воедно ризик за корисниците на таквите податоци добиени од Таргет Груп ДОО.

Во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста согласно со стандардите на професионалното новинарство редакцијата на „Фактор“ побара одговори и од засегнатата страна „Таргет груп“.

Во целост го пренесуваме одговорот во делот што се однесува на обвинувањата од ЦР и начинот и постапките на работење:


Најпрвин Ви благодариме за Вашиот огромен интерес за компанијата Таргет Груп ДООЕЛ Скопје, Ви стоиме на располагање на сите Ваши прашања и нејаснотии.

Согласно Вашите прашања Ве известуваме:

Компанијата Таргет Груп ДООЕЛ Скопје работи согласно закон. Договорите кои ги има склучено компанијата Таргет ГРУП ДООЕЛ Скопје со трети страни се деловна тајна и истите неможеме да ги коментираме. Против нашата компанија Таргет Груп ДООЕЛ Скопје не се води никаков судски процес ниту пак сме биле повикани на распит во ОЈО. Изворот на податоци на платформата БизнисМрежа.мк претставуваат сите наши партнери и државни институции кои објавуваат или публикуваат податоци за правни лица од нашата држава, а истите се јавно достапни или јавно публикувани со што препродажбата на истите во обработена форма е целосно легална.

(Продолжува: Што презема Централниот регистар додека Обвинителство испитува злоупотреби петта година по ред)

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?