Татко ги чекаше трите деца и сопругата на аеродром: Попусто, авионот од Џакарта не стаса
Објавено во: Свет 10 Јануари, 2021 06:49
Дел од очајните роднини на патниците од летот на индонезиската авиокомпанија „Сривиџаја ер“, чиј „Боинг 737“ се урна во морето денес вчера веднаш по полетувањето, ја дочекаа веста за страшната несреќа во Понтијанак. Тоа требаше да биде крајната дестинација на боингот кој полета од главниот град Џакарта оддалечен 740 километри оттаму. Сепак авионот никогаш не стаса - не стигнаа ни патниците.
Јаман Заи, татко на три деца кои биле во авионот со нивната мајка, за Ројтерс изјави дека ги чекал на аеродромот во Понтијанак, кога ја слушнал веста за несреќата.
„Никогаш повеќе нема да ги видам“, рече тој, држејќи фотографија од неговата најстара ќерка.
Индонезиската агенција за безбедност се очекува да започне тековна истрага за несреќата, а Управата за безбедност на сообраќајот на САД автоматски ќе биде дел од неа, бидејќи авионот е дизајниран и изграден во САД, според Ројтерс.
Основана во 2003 година, индонезиската авиокомпанија „Сривиџаја ер“ со седиште во Џакарта лета претежно во Индонезија. На последниот кобен лет биле качени повеќе од 60 лица.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




