24 Јануари, 2025
0.0289

ТАВ Аеродроми: easyJet отвора нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли од 2 април

Објавено во: Економија 24 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, со задоволство објавува дека easyJet, втората по големина авиокомпанија за летови на кратки и средни релации во Франција и со водечка улога во локалното поврзување, воведува нов директен лет од Меѓународниот Aеродром Скопје до аеродромот Орли во Париз.

easyJet како нискобуџетната авиокомпанија која нуди патувања низ Европа преку својата широка мрежа на авиолинии, ќе почне да лета од Париз до Скопје и назад на 2 април 2025 година.

На новите директни летови на релација Париз – Скопје - Париз easyJet ќе оперира со два лета неделно, или секоја среда и сабота, со што авиокомпанијата ја задоволува потребата за брзо и достапно поврзување и меѓу францускиот регион и на меѓународно ниво.

„Како ТАВ Аеродроми, аеродромски оператор, со задоволство ја објавуваме оваа атрактивна авиолинија и ново воздушно поврзување меѓу Скопје и Париз. Новата авиолинија, обезбедена благодарение на авиокомпанијата easyJet е значајна пресвртница бидејќи ова е првпат Меѓународниот Аеродром Скопје да се поврзе авионски со директен лет со аеродромот Орли, кој исто така е управуван од Групацијата АДП, чија членка е и ТАВ Аеродроми. Покрај тоа, оваа нова можност за патување дополнително ќе им овозможи на нашите патници да ја искусат услугата на уште една нискобуџетна авиокомпанија, со што ќе им обезбедиме на нашите патници повеќе опции за патување и можности да се поврзат со еден од најживописните градови во Европа, познат како Градоѕ на светлината“. – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Оваа нова авиолинија им дава можност на парижаните лесно да го истражат Скопје, динамичниот град кој нуди фасцинантен спој на култури, историја и модерност. Во исто време, патниците кои го посетуваат Париз, градот на уметноста, културата, модата, шармантните улици и историјата, ќе можат лесно да ги посетат најпрепознатливите знаменитости на Париз како Ајфеловата кула, музејот Лувр и катедралата Нотр Дам.

„Среќен сум што можам да го најавам отворањето на нова меѓународна авиолинија до Скопје, во Македонија, од нашата база Париз-Орли. Минатата година, 3,4 милиони патници избраа да ни веруваат за нивните патувања преку Орли, а со оваа нова дестинација се надеваме дека ќе им овозможиме на илјадници парижани да ја откријат убавината и уникатноста на Балканот, секогаш со одлична вредност за парите“. – изјави Реџиналд Отен, заменик директор на easyJet за Франција.

Сите детали за времето на заминување и пристигнување на оваа нова можност за патување, како и достапноста и резервирањето на авиобилети може да се најдат на веб-страницата на easyJet www.easyJet.com.

Детали за новата авиолинија Скопје-Париз:

ЗА ТАВ АЕРОДРОМИ

Како глобален бренд за финансирање, развој и управување со аеродроми, ТАВ опслужи 78,5 милиони патници во 2022 година. ТАВ Аеродроми, е членка на групацијата АДП и претставува водечка платформа за управување со аеродроми на глобално ниво.  Компанијата управува на 15 аеродроми во осум земји – Турција, С Македонија, Грузија, Казахстан, Тунис, Латвија, Саудиска Арабија и Хрватска. Преку своите подружници, ТАВ обезбедува интегрирани услуги во сите области на аеродромските операции, вклучувајќи бесцаринско работење; храна и пијалаци; услуги за прифат и отпрема на патници; воздухоплови, багаж и стока; ИТ-услуги; приватно обезбедување и угостителски услуги.  Компанијата котира на Истанбулската берза за хартии од вредност и е вклучена во Индексот за одржливост BIST. ТАВ Аеродроми е посветена на постигнување нула емисии на штетни гасови во 2050 година.

www.tavairports.com

ЗА easyJet

easyJet е најголемата авиокомпанија во Европа од аспект на мрежа на авиолинии, нудејќи ја најдобрата мрежа на авиолинии поврзувајќи ги најголемите европски аеродроми, по ниски цени и со топло добредојде. Лета до најмногу европски линии и превезе над 100 милиони патници во 2024. Има флота од над 340 авиони и лета на близу 1.000 рути над повеќе од 160 аеродроми во 35 земји. Над 300 милиони Европјани живеат на 1 час временско растојание од аеродромот на оваа авиокомпанија.  Во 2023, easyJet беше прогласена меѓу најдобрите компании во светот од магазинот Time и ја доби титулата Лидер за диверзитет во 2024 од Financial Times.

Можеби ќе ве интересира

СЕ НАМАЛИ ПРОМЕТОТ: Хрватите успеаја со бојкотот да пратат порака дека цените се високи

СЕ НАМАЛИ ПРОМЕТОТ: Хрватите успеаја со бојкотот да пратат порака дека цените се високи

ТЕСЛА ЈА ТУЖИ ЕУ - тарифите за електричните возила произведени во Кина се спорни

ТЕСЛА ЈА ТУЖИ ЕУ - тарифите за електричните возила произведени во Кина се спорни

Средба на министерката Божиновска и градоначалникот Атанасовски: Заеднички приоритети за енергетска одржливост и локален развој

Средба на министерката Божиновска и градоначалникот Атанасовски: Заеднички приоритети за енергетска одржливост и локален развој

БИТКОИНОТ ЌЕ СТИГНЕ 700.000 ДОЛАРИ: Шефот на познатиот Блек Рок предвидува неверојатен скок на криптовалутата

БИТКОИНОТ ЌЕ СТИГНЕ 700.000 ДОЛАРИ: Шефот на познатиот Блек Рок предвидува неверојатен скок на криптовалутата

Мицкоски потврди, со унгарскиот кредит ќе може да се градат трговски центри и фотоцентрали за продажба на струја

Мицкоски потврди, со унгарскиот кредит ќе може да се градат трговски центри и фотоцентрали за продажба на струја

НАЈГОЛЕМА ЗАКАНА ГОДИНАВА МОЖЕ ДА БИДЕ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Главниот извршен директор на Стопанска комора Антони Пешев, во Бизнис муабети на Фактор

НАЈГОЛЕМА ЗАКАНА ГОДИНАВА МОЖЕ ДА БИДЕ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Главниот извршен директор на Стопанска комора Антони Пешев, во Бизнис муабети на Фактор

Божиновска – Колумбија: Соларни паркови и ветерници за енергетска стабилност

Божиновска – Колумбија: Соларни паркови и ветерници за енергетска стабилност

ОСАМНАА ПРАЗНИ ПРОДАВНИЦИ: Почна бојкотот на трговски синџири и бензински пумпи во Хрватска

ОСАМНАА ПРАЗНИ ПРОДАВНИЦИ: Почна бојкотот на трговски синџири и бензински пумпи во Хрватска

ВО ОВАА ЗЕМЈА ПЛАЧАТ ЗА РАБОТНИЦИ, ДАВААТ ПЛАТА И ДО 2.500 ЕВРА: Секој кој има еден од петте занаети може буквално да избере каде ќе работи

ВО ОВАА ЗЕМЈА ПЛАЧАТ ЗА РАБОТНИЦИ, ДАВААТ ПЛАТА И ДО 2.500 ЕВРА: Секој кој има еден од петте занаети може буквално да избере каде ќе работи