19 Декември, 2025
0.2647

Тажната судбина на момчето од кој почна еболата

Објавено во: Свет 28 Октомври, 2014 20:07

Добивај вести на Viber

Двегодишното момче Емил Уамуно е нултиот пациент од кој започна да се шири најновата зараза на вирусот ебола, утврдија лекарите. Момчето кое додека беше живо никој не го знаеше, по смртта стана светски познато само заради страшниот факт дека е првиот пациент од кој почна најсилниот налет на смртоносната епидемија досега. Не е сосема јасно како момчето се заразило со опасната болест во прашумското село во јужна Гвинеја. Еболата може да се пренесува од животни на луѓе преку инфицирани течности и ткива. „Во Африка забележано е ширење преку допир со заразени шимпанза, горила, лилјаци, шумски антилопи и други животни“, наведува Светската здравствена организација. Во декември лани Емил наеднаш добил висока температура, крвава столица и започнал да повраќа. Четири дена подоцна момчето било мртво, а во следниот месец починале и неговата мајка, четиригодишната сестра и бабата. На таткото на Емил му останале само сеќавања на тоа каков бил неговиот живот пред појавата на опасната болест. „Пред да ми умрат децата, сакаа да си играат со топка. Мојата жена сакаше да ги носи на грб“, рекол Етијен Уамуно. Семејството живеело во селото Мелианду, во близина на границата со Сиера Леоне и Либерија, па не било потребно многу време за вирусот да се прошири како шумски пожар. Болеста се проширила надвор од селото откако неколку луѓе од соседните места дошле на погребот на бабата на Емил. Откако болеста започна да се шири починаа речиси 5.000 лица и тоа најмногу во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне. Селото на емил во меѓувреме се ослободи од ебола, но разорните последици таму ќе се чувствуваат уште долги години. Пошироките семејства таму традиционално ја преземале грижата за сирачињата по смртта на нивните родители, но сега заради стравот таа практика е прекината. Кризата добива размери на хуманитарна катастрофа. Луѓето бегаат и ги напуштаат болните и сирачињата. А тука секако се и финансиските загуби. Во селото на Емил многумина заработуваа за живот тргувајќи со ориз, пченка и банани во блиските градови. Сега од нив никој не сака ништо да купи. Селаните биле принудени да ги запалат своите душеци и целиот имот за да ја искоренат болеста. Сега се посиромашни од кога и да е.  

Можеби ќе ве интересира

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?