08 Јануари, 2025
0.0274

ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ, КАРИКАТУРАТА НА ПРОРОКОТ МУХАМЕД ПРИЧИНА ЗА МАСАКРОТ ВО ШАРЛИ ЕБДО: „Желбата за смеење никогаш нема да исчезне“

Објавено во: Свет 07 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Денеска во Париз со комеморативни собири ќе се одбележи десетгодишнината од нападот на сатиричниот неделник Шарли Ебдо, во кој загинаа 12 лица.

На комеморацијата ќе присуствуваат францускиот претседател Емануел Макрон, неколку министри и градоначалничката на Париз, Ан Идалго.

Уредниците на францускиот сатиричен весник во пресрет на десетгодишнината од нападот објавија дека „желбата за смеење никогаш нема да исчезне“.

Што и да се случи, драматично или среќно, желбата за смеење никогаш нема да исчезне“, напиша директорот на издавачката куќа „Шарли Ебдо“, Рис во специјалното издание што ќе биде објавено денеска.

Во денешното специјално издание во кој имала увид агенцијата AFP, сатиричниот весник на насловната страница објавува порака дека „не може да умре“. Ова е илустрирано со цртеж на човек (читател) кој седи врз јуришна пушка, а истовремено воодушевено го чита „историското“ издание на весникот, кое има 32 страници.

Четири страници од изданието се посветени на карикатури за Бог испратени од карикатуристи ширум светот.

„Сатирата има доблест што ни помогна да ги надминеме овие трагични години, а тоа е оптимизмот. Ако сакаме да се смееме, тоа е затоа што сакаме да живееме. Смеата, иронијата, карикатурата се манифестации на оптимизам. Што и да се случи, драматично или за среќа, желбата за смеење никогаш нема да исчезне“, напиша Рис во едиторијалот кој размислува за изминатите десет години обележани со, како што рече, „геополитичка ситуација што се влоши“.

Рис, кој се потпишува само со прекар како другите новинари и карикатуристи на Charlie Hebdo, додаде дека вредностите на весникот, како хуморот, сатирата, слободата на изразување и секуларизмот, „никогаш не биле толку оспорувани“.

„Можеби тоа е затоа што самата демократија е загрозена од обновените мрачни сили“, напиша Рис.

На 7 јануари 2015 година, браќата Саид и Шериф Куаши ја нападнаа редакцијата на парискиот неделник и убија 12 лица. Убијците беа ликвидирани следниот ден, а редакцијата, која продолжи со сатира и критики на општеството инсистирајќи дека нема табу, сега е на непозната локација која постојано е под полициска заштита.

Меѓу загинатите е карикатуристот Шарб, како и две легенди на карикатурата во Франција, Каба и Волински. Меѓу жртвите се карикатуристот Тинџу, психоаналитичарката Елза Каја, новинарот Бернар Марис и коректор Мустафа Урад.

Шарли Ебдо е цел на џихадистички закани од објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед во 2006 година.

Нападот предизвика меѓународен гнев и го поттикна слоганот за поддршка „Јас сум Чарли“ (Je suis Charlie).

Митинзите за поддршка привлекоа речиси четири милиони луѓе ширум Франција на 11 јануари 2015 година, а многу странски шефови на држави и влади маршираа во Париз.

Во понеделникот Макрон повика на продолжување на борбата против тероризмот „без одмор“. Францускиот претседател рече дека се уште постои закана од тероризам и затоа нема опуштање, но потребна е постојана колективна будност.

Неколку месеци по нападот на Шарли Ебдо, во истата година, тројца бомбаши самоубијци се разнесоа истовремено во Париз на 13 ноември, првиот во близина на фудбалски стадион за време на натпревар, вториот пред концертната сала Батаклан за време на концерт и третиот надвор од местото има неколку ресторани.

Повеќе од 130 луѓе загинаа, а повеќе од 400 беа повредени. Најмногу жртви - 90, имало во Батаклан.

Одговорноста за сите напади тогаш ја презеде Исламската држава.

фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Можеби ќе ве интересира

„ЕУ НЕМА ДА ТОЛЕРИРА НАПАД НА НЕЈЗИНИТЕ ГРАНИЦИ“: остра реакција од Франција по заканата на Трамп за окупација на Гренланд

„ЕУ НЕМА ДА ТОЛЕРИРА НАПАД НА НЕЈЗИНИТЕ ГРАНИЦИ“: остра реакција од Франција по заканата на Трамп за окупација на Гренланд

ДЛАБОКО ОД ПОД УРНАТИНИТЕ НА ТИБЕТ СПАСЕНО МОМЧЕ И ЕДНА ЖЕНА: Продолжуваат спасувачките операции

ДЛАБОКО ОД ПОД УРНАТИНИТЕ НА ТИБЕТ СПАСЕНО МОМЧЕ И ЕДНА ЖЕНА: Продолжуваат спасувачките операции

КРЕАТОРОТ НА CHATGPT ОБВИНЕТ ЗА СИЛУВАЊЕ - Алтман наскоро треба да се појави на суд, се огласија неговата мајка и браќата

КРЕАТОРОТ НА CHATGPT ОБВИНЕТ ЗА СИЛУВАЊЕ - Алтман наскоро треба да се појави на суд, се огласија неговата мајка и браќата

ТРАМП СО НОВА ПРОВОКАЦИЈА - овој пат ја „анектираше“ Канада кон Америка (ФОТО)

ТРАМП СО НОВА ПРОВОКАЦИЈА - овој пат ја „анектираше“ Канада кон Америка (ФОТО)

СТРАШНИ ВИДЕА, ПОЖАР ВО ЛОС АНЏЕЛЕС, ЕВАКУИРАНИ 30.000: Страшен пожар зафати куќи, холивудските ѕвезди стравуваат дека се бездомници, речиси 200.000 без струја

СТРАШНИ ВИДЕА, ПОЖАР ВО ЛОС АНЏЕЛЕС, ЕВАКУИРАНИ 30.000: Страшен пожар зафати куќи, холивудските ѕвезди стравуваат дека се бездомници, речиси 200.000 без струја

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ ВО УНГАРИЈА НАЈБРЗО РАСТАТ: За помалку од 10 години се зголемиле дури за 173 отсто

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ ВО УНГАРИЈА НАЈБРЗО РАСТАТ: За помалку од 10 години се зголемиле дури за 173 отсто

ЕДЕН ИТАЛИЈАНСКИ ГРАД ИМ ЗАБРАНИ НА ЖИТЕЛИТЕ СЕРИОЗНО ДА СЕ РАЗБОЛАТ: Немаат лекари и здравствени работници

ЕДЕН ИТАЛИЈАНСКИ ГРАД ИМ ЗАБРАНИ НА ЖИТЕЛИТЕ СЕРИОЗНО ДА СЕ РАЗБОЛАТ: Немаат лекари и здравствени работници

„ЌЕ ИСПРАТИ ЛИ ТРАМП ВОЈСКА ЗА АНЕКСИЈА НА ГРЕНЛАНД - НЕ ЈА ИСКЛУЧУВА МОЖНОСТА ЗА УПОТРЕБА НА ВОЕНА СИЛА: Трамп сѐ посилен во неговите намери

„ЌЕ ИСПРАТИ ЛИ ТРАМП ВОЈСКА ЗА АНЕКСИЈА НА ГРЕНЛАНД - НЕ ЈА ИСКЛУЧУВА МОЖНОСТА ЗА УПОТРЕБА НА ВОЕНА СИЛА: Трамп сѐ посилен во неговите намери

НИЗ КИНА СЕ ШИРИ НОВА РЕСПИРАТОРНА ИНФЕКЦИЈА: СЗО смирува „не е закана, тоа е вообичаено“

НИЗ КИНА СЕ ШИРИ НОВА РЕСПИРАТОРНА ИНФЕКЦИЈА: СЗО смирува „не е закана, тоа е вообичаено“