08 Јануари, 2025
0.0249

„ЌЕ ИСПРАТИ ЛИ ТРАМП ВОЈСКА ЗА АНЕКСИЈА НА ГРЕНЛАНД - НЕ ЈА ИСКЛУЧУВА МОЖНОСТА ЗА УПОТРЕБА НА ВОЕНА СИЛА: Трамп сѐ посилен во неговите намери

Објавено во: Свет 07 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не може да ја исклучи можноста за употреба на воена сила или економска принуда, вклучително и зголемување на царините, кога станува збор за преземање контрола врз Гренланд и Панамскиот канал.

На прашањето на новинарите за време на говорот во неговата резиденција Мар-а-Лаго дали ќе ја исклучи употребата на воена или економска принуда за да се постигне целта за освојување на тие територии, новоизбраниот претседател одговори „не“.

„Можете ли да ни кажете малку повеќе за тоа кој е вашиот план? Дали ќе преговарате за нов договор? Дали ќе побарате од Канаѓаните да одржат гласање? Која е стратегијата? продолжи новинарот.

„Не можам да ви гарантирам. Зборувате за Панама и Гренланд. Не можам да ви гарантирам за нив. Но, можам да кажам дека ни се потребни за економска безбедност. Панамскиот канал е изграден за војската“, рече Трамп.

„Нема да се обврзам на тоа“, повтори тој, на прашањето дали ќе ја исклучи употребата на војската.

„Можеби ќе треба да направиме нешто. Панамскиот канал е од витално значење за нашата земја. Со него управува Кина. Ние го дадовме Панамскиот канал на Панама, не и го дадовме на Кина“, нагласи Трамп.

Тој рече дека двете територии им се потребни на САД за „економската безбедност“ на земјата.

Трамп повтори дека планира да воведе „сериозни царини“ за производи од Канада и Мексико и најави дека ќе го смени името на Мексиканскиот залив во Американски залив, пренесува Ројтерс.

Тој посочи дека смета дека секоја земја-членка на НАТО треба да одвои 5 отсто од својот буџет за одбрана, наспроти најмалку два отсто според сегашниот договор.

Во исто време, републиканецот предупреди дека ќе ја отповика забраната за дупчење нафта и гас на море, објавена од демократскиот претседател во заминување Џо Бајден, со цел да се бори против загадувањето. „Веднаш ќе го отповикам тоа. Ќе ја укинам забраната за дупчење нафта и гас во големи области на првиот ден“, рече тој.


Можеби ќе ве интересира

КАТАСТРОФА НА ТИБЕТ: Загинаа 126 луѓе

КАТАСТРОФА НА ТИБЕТ: Загинаа 126 луѓе

НАПРЕДОК НА РУСИТЕ: Заземаа украински град каде има наоѓалиште на литиум

НАПРЕДОК НА РУСИТЕ: Заземаа украински град каде има наоѓалиште на литиум

ЗАГРОЗЕНА РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА КАМАЛА ХАРИС, ПОЖАРОТ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС ПЕПЛОСУВА СЕ ПРЕД СЕБЕ: Најлошото допрва доаѓа!

ЗАГРОЗЕНА РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА КАМАЛА ХАРИС, ПОЖАРОТ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС ПЕПЛОСУВА СЕ ПРЕД СЕБЕ: Најлошото допрва доаѓа!

МАСК ДЛАБОКО СЕ ВМЕША ВО ГЕРМАНСКАТА ПОЛИТИКА, НО ДВАЈЦА ЕВРОПСКИ ЛИДЕРИ ПОСЕБНО ГО „САКААТ“: Какви придобивки имаат од него?

МАСК ДЛАБОКО СЕ ВМЕША ВО ГЕРМАНСКАТА ПОЛИТИКА, НО ДВАЈЦА ЕВРОПСКИ ЛИДЕРИ ПОСЕБНО ГО „САКААТ“: Какви придобивки имаат од него?

Фицо: Словачка ќе разговара за одмазда по „саботажата“ на украинскиот транзит на гас

Фицо: Словачка ќе разговара за одмазда по „саботажата“ на украинскиот транзит на гас

„ЕУ НЕМА ДА ТОЛЕРИРА НАПАД НА НЕЈЗИНИТЕ ГРАНИЦИ“: остра реакција од Франција по заканата на Трамп за окупација на Гренланд

„ЕУ НЕМА ДА ТОЛЕРИРА НАПАД НА НЕЈЗИНИТЕ ГРАНИЦИ“: остра реакција од Франција по заканата на Трамп за окупација на Гренланд

ДЛАБОКО ОД ПОД УРНАТИНИТЕ НА ТИБЕТ СПАСЕНО МОМЧЕ И ЕДНА ЖЕНА: Продолжуваат спасувачките операции

ДЛАБОКО ОД ПОД УРНАТИНИТЕ НА ТИБЕТ СПАСЕНО МОМЧЕ И ЕДНА ЖЕНА: Продолжуваат спасувачките операции

КРЕАТОРОТ НА CHATGPT ОБВИНЕТ ЗА СИЛУВАЊЕ - Алтман наскоро треба да се појави на суд, се огласија неговата мајка и браќата

КРЕАТОРОТ НА CHATGPT ОБВИНЕТ ЗА СИЛУВАЊЕ - Алтман наскоро треба да се појави на суд, се огласија неговата мајка и браќата

ТРАМП СО НОВА ПРОВОКАЦИЈА - овој пат ја „анектираше“ Канада кон Америка (ФОТО)

ТРАМП СО НОВА ПРОВОКАЦИЈА - овој пат ја „анектираше“ Канада кон Америка (ФОТО)