26 Април, 2024
0.0283

Техничка влада: Кои опозиционери сега ќе вршат функции како Ременски, Спасовски, Кирацовски

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Задача на преодната техничка влада ќе биде да ги спроведе изборите за кои вчера имаше согласност од политичките партии да се одржат на 12 април следната година. Со изборот на оваа влада на 3 јануари во неа ќе се врати опозицијата. Со оваа влада ќе раководи нов премиер на местото на Зоран Заев кој ќе мора претходно да си поднесе оставка. Сепак ќе има и опозициски министри, а тие ќе влезат во ресорите Министерство за внатрешни работи и во Министерството за труд и социјална политика.

Дополнително ќе бидат поставени заменици од опозицијата во Министерството за финансии со кои сега министерува Нина Ангеловска, во Министерството за земјоделство и во Министерството за информатичко општетсво и администрација.

Засега нема персонални решенија за овие позиции. Вчера имаше информации дека на местото на Заев ќе дојде Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи. И да не биде така, секако нов министер за внатрешни работи ќе има од редовите на опозицијата. Исто како и во ресорот труд и социјална политика каде ќе биде поставен нов министер, а актуелната Мила Царовска ќе стане дополнителен заменик министер.

Заменици ќе добијат Ангеловска, Димковски од земјоделство и Дамјан Манчевски од МИОА.

Кога беше избрана преодната влада во 2016 година, тогаш премиер беше Емил Димитриев кој застана на таа функција откако Никола Груевски даде оставка. За министер за труд и социјална политика беше избрана Фросина Ременски која сега е осомничена во случајот Рекет и на која и е одредена мерка на претпазливост. Тогаш за министер за внатрешни работи беше избран актуелниот Оливер Спасовски, а  Оливер Андонов од ВМРО- ДПМНЕ стана дополнителен заменик министер. Диме Спасов беше дополнителен заменик министер во социјала.

Социјалдемократите имаа и три дополнителни заменици - министри - Кире Наумов во финансии, Љупчо Николовски за земјоделство, Александар Кирацовски во Министерството за информатичко општество.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот