18 Ноември, 2019
0.0163

Технолошка револуција: Струја ќе се прави од снег?!

Објавено во: Стил 17 Април, 2019

Истражувачите на Универзитот Калифорија направиле уред кој прави струја од - снег. Апаратот е евтин, малечок, тенок и флексибилен како пластика.

Уредот може да работи во оддалечени подрачја бидејќи обезбедува сопствено напојување и нема потреба од батерии. Ова е многу паметна направа, метеоролошка станица која ви зборува колку снег паѓа, насоките на врнежи и насоките и брзината на ветерот вели истражувачот Ричард Кенер.

Научниците овој уред го нарекле „снежен трибоелектричен наногенератор“ или снежен ТЕНГ. Трибоeлектричниот наногенератор, кој генерира набој по пат на статички електрицитет, произведува енергија со размена на електрони.

-Статистичкиот електрицитет се јавува по интеракција на еден материјал кој ги фаќа електроните и другиот кој ги ослободува. Ги разделите набоите и создавате струја суштински од ништо-објаснил Кенр, кој воедно е и професор по хемија и член на калифорнискиот Институт НаноСистеми на Универзитетот.

Снегот е позитивно наелектризиран и ослободува електрони , додека силиконот е негативно наелектризиран. Кога снегулките дојдат во допир со силиконската површина, се произведува набој кој го фаќа уредот , создавајќи струја.

Околу 30 отсто од Земјината површина се покриени со снег секоја зима, а во тој период соларните плочки не функционираат најдобро. Новиот уред би можел да се интегрира во соларни плочки и да обезбеди постојана залиха на струја кога паѓа снег. Исто така може да се користи за надгледување на зимски спортови поради унапредување на перформансите на спортистите а има потенцијал и за идентификување на главните шеми на движење во крос кантри скијањето кое не може да се детектира со паметен часовник.

Уредот може да праќа и сигнали кои говорат дали личноста се движи и дали таа оди, трча, скока, или маршира. Направен е со помош на 3Д печатење и има слој на силикон и електода за фаќање набој. Новиот апарат би можел исто така да доведе до нови генерации самонапојувачки направи за спортистите, пренесе Phys.org.



Foto: Thinkstock


Можеби ќе ве интересира

Колку заработуваат најпознатите спортисти на светот од Инстаграм објавите?

Колку заработуваат најпознатите спортисти на светот од Инстаграм објавите?

ЗА НЕГО НЕМА ЛЕК, САМО ТЕРАПИЈА: Како да препознаете дека имате дијабетес

ЗА НЕГО НЕМА ЛЕК, САМО ТЕРАПИЈА: Како да препознаете дека имате дијабетес

Наша репортажа: Неколку работи за авантуристите и оние кои очекуваат повеќе од Санторини (II дел)

Наша репортажа: Неколку работи за авантуристите и оние кои очекуваат повеќе од Санторини (II дел)

Скопје е загаден од луѓе: Искрен муабет со Биба Додева 13 Ноември, 2019

Скопје е загаден од луѓе: Искрен муабет со Биба Додева 13 Ноември, 2019

(ФОТО) Првата дама впечатлива во Кенија: Розова боја за сензуална романтичност

(ФОТО) Првата дама впечатлива во Кенија: Розова боја за сензуална романтичност

Храбрите жени гордо го носат светот во своите гради: Интервју со трите главни актерки од „Врба“, Камка, Сара и Наталија

Храбрите жени гордо го носат светот во своите гради: Интервју со трите главни актерки од „Врба“, Камка, Сара и Наталија

Лекарите со совети: најефикасни против загадениот воздух се овие маски

Лекарите со совети: најефикасни против загадениот воздух се овие маски

Мојата симпатија е поубава од твојата!

Мојата симпатија е поубава од твојата!