15 Декември, 2025
0.4246

Телото на тетовец е најдено кај Нераште - главата му била облеана во крв

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2025 19:33

Добивај вести на Viber

Безживотно тело на 42-годишник од Тетово најдено во близина на селото Нераште.

Тетовската полиција информира дека попладнево околу 16 часот е најдено безживното тело на 42 годишник од Тетово, за кого сопругата пријавила дека од вчера во 18 часот излегол од дома и не се јавувал на телефон.  Со соопштението на СВР Тетово се наведува дека на стакло од возилото во кое е најден 42 годишник има дупка од испукан куршум и постои првично сомневање дека е застрелан.

Случајот рано утринава во 2 часот во СВР Тетово го пријавила 33 годишната сопруга Б.Б.(33). Таа пријавила дека вчера околу 18 часот нејзиниот сопруг А.Б.(42) се оддалечил од домот со возило „Ауди“ со тетовски регистерски таблици и не се јавувал на телефонските повици.

„Денес околу 16.15 часот во ниви атар на село Нераште полициски службеници од Полициско одделение Теарце, забележале паркирано возило „Ауди Q5″ со тетовски регистерски таблици. Внатре во возилото е забележано е машко лице, кој не давал знаци на живот. На возачкото стакло имало отвор од испукан проектил и лицето во пределот на главата бил облеан во крв со првично сомневање е дека лицето било застрелано со огнено оружје“, соопшти СВР Тетово.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по увидот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово било потврдено дека се работи за А.Б. од Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“