03 Јули, 2024
0.1249

Темелите кои го држат ИСИС исправен!

Објавено во: Свет 23 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Исламска држава, позната и како ИСИС, има двоен став во однос на жените. Од една страна, ги третира оние кои ги смета за „еретици“ речиси нечовечки, како подарок за џихадистите и секс робови со кои тргуваат. Шокантни снимки од современиот пазар на секс робинки во Мосул, Ирак, покажува како милитантите дискутираат цени за девојчиња заробени минатата година, од кои повеќето се малолетни. Најмалку 2.000 жени од племињата Јажиди сé уште се заробени, а многу малку успејале да се извлечат од пеколниот затвор. isis-zeni-analiza-04 „Нé дадоа на продажба“, вели една од нив која неодамна успејала да побегне. „Многу групи на борци доаѓаат да купуваат. Што и да правевме – плачевме, молевме – ништо не правеше разлика“. Но, од друга страна, ИСИС имаат големи планови за муслиманските жени кои мигрираат на нивната територија да играат клучна улога во изградбата на таканаречениот калифат. „Сакаат жените да им се придружуваат“, вели д-р Кетрин Браун, експерт по Исламски студии на Кралскиот колеџ во Лондон. „Тие ги гледаат жените како темели на новата држава, во која сакаат што повеќе жители. Тоа што е навистина интересно е што луѓето зборуваат за Исламската држава како да е некој смртоносен култ, но тоа е токму спротивното од тоа што тие се трудат да го направат... Тие сакаат да создадат нова држава, и многу сакаат жените да се приклучат кон таа утописка политика“. Оваа утопија вклучува и правила кои датираат од пред 1.400 години, а цели претежно на арапските жени. „Се смета за легитимно девојче да биде омажено на деветгодишна возраст. Повеќето ‘чисти’ девојчиња ќе бидат омажени најдоцна до 16 или 17 години, додека се сé уште млади, здрави и активни“, пишува во правилникот. Пуштање корени Поранешен член на Ал Каеда со длабоко познавање на џихадистичките размислувања е Ејмен Дин. Тој верува дека пристапот на ИСИС кон жените е многу поразличен од оној на Ал Каеда или Талибанците. „За разлика од Ал Каеда, ИСИС сака да воспостави трајно општество, и пушта корени. Тие носат семејства од целиот муслимански свет, не само од Европа и САД, туку и од централна Азија... Обезбедуваат цели семејства кои ќе ја населуваат Исламската држава“. Онлајн регрутирањето и пораките за приклучување непрестано се одвиваат, и тоа на различни јазици. Им кажуваат на муслиманите да ги напуштат своите безбедни, но „лоши“ животи на Западот, и да дојдат во калифатот. Има и романтичен елемент овде“, продолжува Дин, кој предупредува дека најчесто завршува во трагедија. „Просечниот рок на животот на еден џихадист откако ќе оди во војна е месец или два. Она што ќе се случи е следново сценарио: жена ќе се омажи за џихадист, кој ќе умре за кратко време, и таа ќе жали 4 месеци и 10 дена. Ако е бремена, може и подолго, а потоа ќе се омажи за некој друг и потоа ќе има уште еден ‘маченик’ сопруг. Уште 4 месеци тажење, и тој процес и понатаму ќе тече. Тоа не е среќен живот, туку мизерен“. Социјалните медиуми За разлика од Талибаните или Ал Каеда, ИСИС им дозволиле на своите регрути од Запад да имаат важна улога на социјалните медиуми. Веројатно најпозната од нив е 20-годишната бегалка од Глазгов, Акса Махмуд. Таа стана позната по давањето на совети на жените кои размислуваат да ги напуштат своите семејства во Британија: од световни, до филозофски. isis-zeni-analiza-02 Марук Али, норвешки истражувач кој подготвува теза на Универзитетот во Оскфорд за жените во ИСИС, верува дека стратегијата да им се даде важна улога на жените е многу добро осмислена. „ИСИС ги користи жените многу повеќе и поактивно од Талибанците или Ал Каеда“, вели. „Има околу 100.00 про-ИСИС твитови секој ден, а многу од овие твитови доаѓаат од жени кои се приклучиле кон ИСИС од западните земји“. К.К.

Можеби ќе ве интересира

ВОЈНА ЈА СПРЕЧИЛА ДА ОДИ НА НАСТАВА: Италијанка на 93 години заврши средно училиште

ВОЈНА ЈА СПРЕЧИЛА ДА ОДИ НА НАСТАВА: Италијанка на 93 години заврши средно училиште

ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Гори кај Измир, жителите се евакуирани

ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Гори кај Измир, жителите се евакуирани

ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО АСАНЖ Е СЛОБОДЕН: Викиликс објави тајни документи за тоа што планира Израел за цивилите во Газа

ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО АСАНЖ Е СЛОБОДЕН: Викиликс објави тајни документи за тоа што планира Израел за цивилите во Газа

ЗАГРИЖЕН Е ЗА ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ ЕВРЕИ, ТАМУ СЕ ОДАМНА, НО... - главниот рабин разочаран по успехот на екстремната француска десница

ЗАГРИЖЕН Е ЗА ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ ЕВРЕИ, ТАМУ СЕ ОДАМНА, НО... - главниот рабин разочаран по успехот на екстремната француска десница

„МЕКДОНАЛДС“ ГО СКРАТУВА ВРЕМЕТО ЗА ПОЈАДОК: Птичјиот грип „ги изеде“ јајцата

„МЕКДОНАЛДС“ ГО СКРАТУВА ВРЕМЕТО ЗА ПОЈАДОК: Птичјиот грип „ги изеде“ јајцата

ЌЕ ЈАДЕМЕ ГМО? ЕУ одобри негова употреба

ЌЕ ЈАДЕМЕ ГМО? ЕУ одобри негова употреба

ЕВЕ КАКО СЕ БУДИ ЕТНА: Иако не ни спиела последниве години

ЕВЕ КАКО СЕ БУДИ ЕТНА: Иако не ни спиела последниве години

ФРАНЦИЈА ИМА КОНКУРЕНТ: Eвропска земја ќе ја надмине по бројот на туристи

ФРАНЦИЈА ИМА КОНКУРЕНТ: Eвропска земја ќе ја надмине по бројот на туристи

ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ПОРАКА ОД ЛЕ ПЕН: Макрон сака да изврши административен удар

ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ПОРАКА ОД ЛЕ ПЕН: Макрон сака да изврши административен удар