Добивај вести на Viber
Судијката на претходна постапка, Славица Андреевска, одлучи дека нема притвор за Едмон Темелко, но тој ќе треба да се јавува во судот во Ресен, секоја среда во 10 часот. Оваа мерка на претпазливост ќе се применува додека постои потреба, а најдолго до правосилност на пресудата, стои во решението за Темелко.
Зошто СЈО бараше притвор за Едмонд Темелко?
Специјалното јавно обвинителство барало притвор за Едмонд Темелко затоа што се работи за лице со двојно државјанство, македонско и албанско, па поради тоа очекувано е дека ќе се даде во бегство со цел да ја избегне правдата, а нема да постои можност за негова екстрадиција. Се појаснува дека Темелко е лице кое ги врбувал лицата од Пустец, па основан е стравот од влијание на овие лица кои ќе бидат повикани на испитување, а со ваквото влијание ќе се попречува водењето на постапката.
Ако се има предвид дека ги врбувал лицата од Пустец, основан е стравот дека ќе продолжи со истата криминална активност, сметале во Специјалното јавно обвинителство. Голем дел од лицата за кои стојат основи на сомневање дека ги врбувал и им давал и поткуп најпрво да се сликаат за лична карта, а потоа и да гласаат во повеќе општини се членови на оваа партија на која тој е припадник. Списоците по кои се сликани голем дел на лицата во управните служби на се дадени токму од Темелко како претседател на таа партија со имиња и презимиња и матични броеви што значи дека ги познава сите лица и можноста за влијание е голема.
По однос на постоење на основан страв од повторување на кривично дело, спцијалното јавно обвинителство сметало дека истиот е основан бидејќи не само во 2013 и 2014 година, туку и во 2015 година, преку осомничениот Темелко носени се лица во Скопје и Ресен како би биле сликани за лични карти.
Специјалното јавно обвинителство наведе и тоа дека со оглед на фактот што претстојат избори, реален е стравот дека ќе го повтори кривичното дело кое му се става на товар.
Како се бранел Едмонд Темелко?
Едмонд Темелко се правдал дека нема никакво учество во извршување на делата кои му се ставаат на товар. Навел и дека на никаков начин не е вмешан во изборите што се организираат во Македнија бидејќи тој е градоначалник на општина Пустец во Албанија.
Појасни дека воопшто не му е јасно на кој начин е поврзан со изборите во Македонија и како го добил својството на обвинет. Наведе и тоа дека во Пустец и во тој дел од Албанија, главно жителите се со двојно државјанство и нивна воља е да го оставарат правото на глас. Појасни дека е семеен човек, татко на две деца од кои едно полнолетно. Неговата сопруга и двете деца живеат во Ресен каде што двете деца се школуваат и а тој како градоначалник на општина Пустец која е оддалечена на 30 км од Ресен, секој ден е на релација Ресен – Пустец. Дополнително, појаснил дека тој престојува во Реен на позната и постојана адреса, и дека има двојно државјанство.
Наведе дека има нарушена здравствена состојба, дека боледува од имунолошка болест морбус бехтерев која што му го отежнува движењето и ваквата болест доведува до дегенеративни промени кои што бараат повремени физикални терапии. Постојано е под лекарска контрола и надзор со соодветна терапија, па побара судот при одлулчувањето да ја има предвид неговата здравствена состојба.
До сега не бил повикан на распит од страна на обвинителството, а доколку бил повикан сигурно ќе се јавел бидејќи нема од што да бега и да се крие и спремен е во секое време да се јавува на место што судот ќе го определи.
Што кажаа адвокатите на Едмонд Темелко?
Адвокатот Никола Додевски смета дека предлогот за определување на мерка притвор е неоснован и од страна на Обвинителството не е поткрепен со ниту еден од законските основи. Објаснил дека нема никакво укажување ниту доказ дека Темелко се крие што е законски предуслов да судот може по овој основ да определи притвор. Според адвокатот, Темелко нема примено покана ниту постојат други околности, не е остварена никаква комуникација помеѓу орган и осомниченото лице за да обвинителството знае дали истиот се крие. Околноста што лицето има двојно државјанство во никој случај не преставува околност која укажува на бегство, бегството не го вршат лица со двојно државјанство туку тие лица што се кријат од правдата како што е употребена формулација на специјалното обвинителство, а во случајот неточна е интерпретација на обвинителството дека ова е околност што укажува на бегство и дури би рекол претставува навреда на лицата кои поседуваат две државјанства од чувство на припадност кон одредена оригинерна татковина.
Појасни дека притворот се предлага во врска со избори што значи дека специјалното обвинителство предлага обвинетиот да биде затворен да не влијае на нови избори. Тоа може да биде дел од политичка изјава но не дел од предлог правно заснован на ЗКП за одредување на мерка притвор, што на одбраната и дава право да заклучи дека барањето на мерка притвор е очигледно мотивирано од политички причини, а тоа е елиминирање на одредени лица од одреден процес, меѓу кои и обвинетиот Темелко. При одлучувањето судот да има предвид дека СЈО воведува двоен аршин во третманот на различни обвинети за кривични дела од нивна надлежност, а имено за одредени предмети бара укинување на определен притвор, а во други како што е овој одредување мерка притвор.
Повторување на кривичните дела за кои се бара притвор, а се поврзани со избори може да биде само при избори и од тие причини смета дека тоа барање е внесено од политички причини со цел обвинетиот да биде елиминиран од изборниот процес.