Температури до 40 степени, да се заштитат работниците
Објавено во: Економија 17 Јуни, 2016 09:24
Поради температури до 40 степени и топлотниот бран, цела Македонија денеска ќе биде во портокалова алертна фаза поради што на работниците им е потребна соодветна заштита.
Од Сојузот на синдикатите на Македонија велат дека работодавачот, согласно Законот за безбедност и здравје при работа, е должен да обезбеди соодветни услови на работа кои нема да го загрозат животот и здравјето на работниците во услови на топлотен бран. Потребно е да се избегнува работа на отворено за време на најтоплиот период на денот од 11 до 17 часот или нејзино редуцирање.
ССМ препорачува посебна грижа да се води за работните места на отворен простор, односно за градежни работници, земјоделци, градинари, работници во сообраќај, работници кои изведуваат теренска работа, продавачи на отворени пазари, пожарникари, полицајци и слично.
Заштита е потребна и на работни места кои не се климатизирани и каде што има експозиција на високи температури и топлинско зрачење.
„Сите работници кои работат во услови на изложеност на високи температури, се изложени на топлински стрес, кој се дефинира како физичка и физиолошка реакција на работникот на температурата на која е изложен на неговото работно место. Работодавачот не може да влијае на надворешните фактори како што се соларно зрачење, температура и влажност на воздухот, но може со соодветна примена на правилата на заштита на работа, во голема мерка да го избегне или намали ризикот од топлинскиот стрес“ - објаснија од ССМ.
Доктор специјалист по медицина на трудот, при вакви временски услови покрај редовните превентивни медицински прегледи, може да спроведе и вонредни прегледи на работници со понапредната возраст, работници со зголемена телесна тежина, бремени работнички, хронично болни.
Од ССМ и нагласуваат дека сите неопходни информации за заштита од топлотни бранови може да се добијат на бесплатниот с.о.с. број 02 / 32 21 902, секој работен ден од 10 до 18 часот.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




