19 Декември, 2025
0.0889

Темпото не сопира: Еврообврзница како капак на задолжувањата!

Објавено во: Економија 07 Јули, 2016 08:52

Добивај вести на Viber

Новото задолжување изнесува 12,6 милиони евра, што е повеќе од двојно од планираните 5 милиони. Темпото на задолжувањата не сопира. Според податоците од Министерството за финансии, заклучно со првиот квартал од 2016 година, вкупниот Јавен долг изнесува 4,33 милијарди евра или 45% од БДП. Од вкупниот Јавен долг, 2,8 милијарди евра се надворешен долг а 1,4 милијарди евра внатрешен долг. Податоците покажуваат дека во структурата на внатрешното задолжување, во постојан пораст се долгорочните заеми, зад кои како кредитори главно се пензиските фондови и осигурителните компании. Ова значи дека стратегијата на Владата е да се задолжува со заеми кои подоцна ќе се ицплаќаат затоа што кондицијата на буџетот не е во таква состојба да ги издржи сите плаќања. Тоа го покажа и ребалансот на буџетот, кога беа скратени главно, пари од капиталните инвестиции. Растот на задолженоста практично ќе порасне со новата Еврообврзница, која според досегашните лифереувани инфрмации ќе се издаде на сума од 230 милиони евра, но не е исклучено да биде и поголема. Од 2008 та година досега Македонја се задолжува со високо темпо. Вкупното ниво на задолжување порасна од 2 милијарди евра на 4, 33 милијарди евра штпо е зголемување за 2, 33 милијарди евра. Во овој период не се изгради некој голем капитален објект во енергетиката туку главно се градеше Скопје 2014. Изградбата на автопатите почна лани.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?