19 Декември, 2025
0.0487

Тендерот од гласањето на дијаспората е поголем од печатењето на ливчињата за сите гласачи

Објавено во: Економија 10 Јуни, 2024 11:17

Добивај вести на Viber

Тендерот од гласањето на дијаспората е поголем од печатењето на ливчињата за сите гласачи, објави Центарот за граѓански комуникации во своето последно истражување за јавните набавки.

Државната изборна комисија (ДИК), за спроведување на последните претседателски и парламентарни избори, склучила 22 договори за јавни набавки во вкупна вредност од 213.625.656 денари, односно 3.473.588 милиони евра. Вредноста на тендерите за спроведување на изборите годинава e поголема за 47 милиони денари (767 илјади евра) од вкупната вредност на тендерите склучени за претседателските избори во 2019 година и за предвремените парламентарни избори во 2020 година. 

Гласањето на дијаспората чинело повеќе отколку печатењето на ливчињата за сите гласачи. Вредносно најголем склучен договор за изборите 2024 година е за „транспорт и сместување на членови на изборните органи (ИО) во дипломатско конзуларните претставништва (ДКП) за избори“, склучен со Друштво за туризам, промет и услуги Њу вејс оф травел ДООЕЛ Скопје во вредност од 50 милиони денари (813 илјади евра). Договорот опфаќа транспорт и сместување на по најмногу 8 лица на 31 дестинација во светот. Во оваа постапка понуди доставиле две фирми, Њу вејс оф травел ДООЕЛ Скопје и Авиотурс Травел Сервис ДООЕЛ Скопје. 

Поради високата вредност, оваа тендерска постапка била предмет на управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки. Во текот на контрола се дадени одредени насоки до ДИК, но и во повторната евалуација на понудите, за најповолна е избрана понудата на Њу вејс оф травел. Инаку, проценетата вредноста на тендерот е за 9 милиони денари повисока од вредноста на склучениот договор

Договорот за транспорт и сместување на членовите на изборните органи во дипломатско конзуларните претставништва е повисок дури и од договорот за изработка и печатење на доверливиот изборен материјал што изнесува 46 милиони денари (748 илјади евра) склучен со Акционерско друштво Печатница Киро Дандаро заштитно друштво Битола. Овој договор е склучен преку постапката со преговарање без претходно објавување оглас. 

„Оваа нетранспарентна постапка, со одобрение на Бирото за јавни набавки, е применета откако во претходна постапка за која бил објавен оглас се донела одлука за поништување. Вистинската причина за поништувањето не е јавно објавена бидејќи во Известувањето за поништување на постапката е наведено образложение „бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвидени за постапката за јавна набавка“. Но, Законот за јавни набавки не предвидува минимален број на понудувачи во отворена постапка, каква што била применета во случајот. Инаку, за печатење на доверливиот изборен материјал се преговарало само со Печатница Киро Дандаро“, заклучува истражувањето.

Третиот по големина договор е исто така склучен во постапка со преговарање без претходно објавување оглас со фирмата Дермалог Идентификејшн Систем ГмбХ за прилагодување на имплементиран Интегриран систем за биометриска идентификација на гласачите. 

Дури 41 % од вредноста на договорите за јавни набавки се склучени во постапките со директно преговарање со понудувачите. Станува збор за 5 договори, но сите со висока вредност и тоа за: „изработка и печатење на доверлив материјал“, „прилагодување на имплементиран интегриран систем за биометриска идентификација на гласачите“, „транспорт на доверлив и недоверлив материјал за избори од печатница до ОИК и МНР“, „избор на ПР агенција за обука на гласачи/видео и аудио спот, флаери, плакати и друго“ и „ИТ и техничка опрема за организирање на избори – таблети“. Вкупно преку оваа нетранспарентна постапка се склучени договори во вредност од 87 милиони денари (околу 1,4 милиони евра).

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии