24 Април, 2024
0.0255

Тенк со изглед на Кадилак; Видете во каква кола се вози Обама!

Објавено во: Стил 07 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Со цена од над 300  илјади долари и оклоп доволно силен да запре противтенковска граната, возилото со кое се движи претседателот на САД, Барак Обама е едно од најбезбедните во светот. Иако однадвор изгледа како „Cadillac STS“, внатре има се што им треба на тајните служби на САД за да го заштитат својот шеф од можните опасности на патот. Колата во којашто патува претседателот на САД, e позната како „Cadillac One“, но е толку блиндирана и полна со секаков тип оружје и заштитни системи, што тајните агенти ја нарекуваат "Ѕверот", пишува Бизнис инсајдер. Додека се движи вообичаено е опкружена со екипа од уште 30 други автомобили, вклучувајќи ја и на локалната полиција. Во минатото возилото на претседателот на САД не било меѓу најбезбедните. Во подалечното минато тој се возел и во отворена кочија, а за брзината биле задолжени коњите кои ја влечеле. Пронаоѓањето на автомобилот бил голем чекор напред, но желбата Претседателите да бидат поблиску до гласачите значело и изложување на опасност, посебно при возење во отворените возила. Затоа, по убиството на Џон Кенеди,  тајните служби на САД се целосно реформирани, а кабриолетите престануваат да се користат. Во денешно време, автомобилот на претседателот на САД е целосно безбеден во случај на биохемиски напад. Резервоарот е изолиран така што нема да експлодира, дури и ако се погоди директно, a во багажникот има кислород во шишиња и комплетна опрема за гасење на пожар. Исто така се тврди дека во колата секогаш има и резерва на крв од крвната група на претседателот. На предната страна „Ѕверот“ има опрема за ноќно гледање и топови за лансирање на солзавец. Агентите располагаат и со карабини „Remington“, доколку биде потребно. Гумите се од типот run-flat и се дополнително заштитени, па ако сепак се продупчат, автомобилот може да се движи и по бандажите. Корпусот на автомобилот е направен од челик, алуминиум, титаниум и керамика, поради што Кадилакот е всушмост една безбедна тврдина на тркала. Вратите на автомобилот тежат колку вратата на авион „Boeing 757“, a оклопни елементи се дебели над 20 сантиметри. Од тајните служби не даваат информации за слоевитостана  стаклата на автомобилот, но според компаниите кои се занимаваат со слично производство, првите неколку надворешни слоја можат да апсорбираат куршум, додека внатрешните слоеви едноставно го доловува како бејзбол ракавица. Сите овие заштитни механизми  имаат своја цена. „Cadillac One“ може да развие максимална брзина само од околу 100 км / ч, а потрошувачката на гориво е околу 30 литри на 100 км.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган