25 Ноември, 2024
0.0287

ТЕНКА Е ЛИНИЈАТА МЕЃУ ПОМИНУВАЊЕ НА ОМИКРОН НА НОЗЕ И ПРАВЕЊЕ НА СЕРИОЗНА БРОНХОПНЕВМОНИЈА: Проф. Софијанова со детали за децата заразени со омикрон

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

На Клиниката за детски болести последниве денови се зачестени и прегледите кај децата од најмала возраст, па и школски деца со симптомите на настинка, течење на ностот, температура, кашлање, но бидејќи оваа здравствена установа не е ковид-центар, ако пртеходно се тестирани за ковид, одат директно во Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, посочува во разговор за Фактор, дирекорката Аспазија Софијанова.

-Прегледите, сосема слично како и кај возрасните, и кај децата во овој период се зголемени. Оние кои не направиле тестови за ковид ги тестираме тука и ако се позитивни заминуваат во болницата во Козле, бидејќи Клиниката за детски болести не е ковид центар, така што сга бројот во Козле е три пати поголем од тоа што беше. Морам да истакнам дека сега сме во позиција, односно во екот на сезонскиот грип, и истовремено се уште сме во пандемија на корона вирусот, односно во  момент кога со невидена брзина се шири варијантата омикрон. Оттука, не се изоставени ни децата, односно и тие заболуваат, особено поради фактот што не се вакцинирани. Тие не беа вакцинирани ниту кога примарна варијанта беше делта, но најмладата популација тогаш не беше таргет, зошто делта го напаѓаше долнореспираторниот тракт, за разлика од омикрон кој се задржува во горните дишни патишта. Така што омикрон, кај децата дава горнореспираторна симптоматологија. Секое „извртување“ на вирусот произлегува од децата кои не се вакцинирани, заради што дел од земјите, Израел, Велика Британија, САД и другите кои можат да си го дозволат тоа, спроведуваат вакцинација и кај најмладата популација, од над пет години. Сигурно е дека клиничките слики се разликуваат кај заразени пациенти кои се вакцинирани и кои не се вакцинирани, значи вакцините сепак дваат одредена заштита, вели проф. Софијанова.

Д-р Софијанова појаснува дека во бранот кога делта напаѓаше децата на некој начин беа заобиколени или болеста ја поминуваа многу полесно од возрасните пред се заради тоа што немаат АЦ рецептори во респираторниот тракт каде што вирусот ја правеше најголемата штета. Кај нив вирусот даваше подруга симптоматологија, односно гастроинтестинални тегоби.

-За разлика од тогаш, сега омикрон не е врзан со АЦ-рецепторите и останува на горнореспираторниот тракт и затоа гледаме толку деца со такви симптоми. Лекувањето секако е според индивидуалната клиничка слика на младите пациенти бидејќи конктретен лек за омикрон нема. Не правиме многу брисеви на децата но правиме респираторен панел кој открива и омикрон и делта и сезонски грип. Доколу станува збор за грип, постои и тамифлу за деца. Тамифлу ги помина сите фази на клинички истражувања и постојат и дозажи за деца и секако се вклучува во терапијата за лекување на грип. Многу се слични симптоматските знаци меѓу варијантата омикрон и сезонската инфлуенца. Но најважно е следењето на клиничката слика, бидејќи лесната инфекција од омикрон може брзо да се претвори во сериозно заболување, односно да се спушти на белите дробови и да направи секундарна, односно бактериска инфекција која задолжително треба да се третира. Тенка е линијата меѓу прележувањето на омикрон на нозе и правење на секундарната инфекција, бронхопневмонија, вели д-р Софијанова.

Токму за ова, односно на темата „Како да се третира омикорн, дали може да се третира и како реагираат децата на омикрон“ како што посочува д-р Софијанова, разговарале на ескпертско ниво на последната вебинарска конференција, па ова прашање, вели таа засега останува енигма и на светско ниво.

Анита Буховски  


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците