20 Декември, 2025
0.0389

Тензично во Молдавија - можна ли е дестабилизација по серијата експлозии?

Објавено во: Свет 26 Април, 2022 18:21

Добивај вести на Viber

Растат тензиите во Молдавија. 

Сепаратистичкиот регион на Молдавија прогласи црвено ниво на закана.  Отцепениот молдавски регион Придњестровје го подигна своето „ниво на терористичка закана“ на црвено. Властите во Придњестровје, сепаратистички регион поддржан од Москва во источна Молдавија, денеска соопштија за експлозии во радио-телевизиската кула и прекин на емитувањето на руското радио.   Придњестровските власти вчера објавија дека неколку гранати од рачен противтенковски фрлач се испукани врз седиштето на министерството за јавна безбедност во Тираспољ, главниот град на самопрогласената република. Повредени нема.

Молдавската претседателка Маја Санду ги повика граѓаните да останат смирени по серијата експлозии во областа што граничи со Украина. Санду ги припиша експлозиите на „внатрешните разлики меѓу различните групи во Приднестровје кои имаат интерес да ја дестабилизираат ситуацијата“. Советот препорача државните агенции да ги засилат патролите во близина на Приднестровје и  да вршат безбедносни проверки на критичната инфраструктура.

Членот на украинскиот преговарачки тим Михајло Подољак денеска ја обвини Русија дека се обидува да го дестабилизира самопрогласениот регион Придњестровје во Молдавија.


Придњестровје е во источна Молдавија и се отцепи од земјата во 1990 година по кратката граѓанска војна по распадот на Советскиот Сојуз. Има околу 500.000 жители, а Русија таму има околу 1.500 војници да служат како мировници.

фото Твитер

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја