ТЕРАПИЈАТА НЕ ПОМАГА: Филипче вели дека има пациенти со тешка манифестација на белите дробови
Објавено во: Македонија 03 Април, 2021
Ковидот се почесто го комплицира здравјето и на млади луѓе кои немале хронични заболувања.
Има многу пациенти со тешка манифестација на белите дробови и крвта и терапијата не помага, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
За зголемениот број на млади кои умираат иако немаат хронични болести, Филипче вели дека вакви случаи има и во Европа и дека кај дел од младите состојбата се влошува за неколку часа.
„За сите пациенти колегите прават сѐ, но има многу пациенти со тешка форма, со манифестација на белите дробови и крвта, каква колегите од пулмологија и инфективна медицина досега не виделе и кај нив нема одговор на терапијата“, вели министерот.
Во Македонија вчера имаше 50 починати од коронавирусот.
Денеска имаше протест пред Министерството за здравство, каде пратеници од ВМРО-ДПМНЕ го обвинија Филипче за неодговорност и побараа да си поднесе оставка. Бројот на починати од вирусот се приближува кон 4.000.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.