27 Јули, 2024
0.0257

ТЕРИТОРИЈАЛНИ ПРЕТЕНЗИИ ЗА РЕГИОН СО НАФТА ВО ЈУЖНА АМЕРИКА: Можна ли е нова војна?

Објавено во: Свет 30 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Територијални претензии има и во Јужна Америка. Бразил ја извади војската на границата со Венецуела поради несогласувања околу регион богат со нафта.

Бразил ги засили одбранбените акции долж својата северна граница додека го надгледува територијалниот спор меѓу соседите Гвајана и Венецуела. Информацијата вчера ја потврди Министерството за одбрана.

Регионот богат со нафта е познат како Есекиба или Есекибо и сочинува повеќе од две третини од вкупната копнена маса на Гвајана.

Тврдењата на Венецуела за Есекибо, што се извор на долготраен територијален спор, повторно се разгореа во последниве години откако Гвајана откри нафта и гас во близина на поморската граница. 

Венецуелците на 3 декември ќе гласаат на референдум за „правата“ на Есекибо. Меѓународниот суд на правдата (МСП) се очекува утре да донесе одлука за барањето на Гвајана за поништување на референдумот. Владата на Венецуела соопшти дека ќе продолжи со постапката независно од одлуката. 

Венецуела протестираше против тендерот за нафта што Гвајана го почна во септември, тврдејќи дека офшор областите се спорни и дека компаниите што ги доделиле полињата нема да имаат права да ги истражуваат.

Американските медиуми наведуваат дека Венецуела отсекогаш ја сметала Есекиба за своја територија бидејќи тој регион бил дел од неа за време на шпанското колонијално владеење. Интересот на Венецуела за Есекиба значително се зголеми во 2015 година кога американската компанија „Ексон Мобил“ (ExxonMobil) објави дека пронашла комерцијално исплатливи количества нафта во наоѓалиште крај брегот на спорниот регион. Венецуела е земја која поседува нафтени полиња. 

Можеби ќе ве интересира

РЕАКЦИИ ЗА ЦЕРЕМОНИЈАТА НА ОТВОРАЊЕ НА ОЛИМПИЈАДАТА - „Беше крајно непочитување на христијаните

РЕАКЦИИ ЗА ЦЕРЕМОНИЈАТА НА ОТВОРАЊЕ НА ОЛИМПИЈАДАТА - „Беше крајно непочитување на христијаните

СО НИВНИОТ ПАСОШ МОЖЕТЕ ДА ГО ПАТУВАТЕ ЦЕЛИОТ СВЕТ: Американскиот пасош паѓа сѐ подоле на листата

СО НИВНИОТ ПАСОШ МОЖЕТЕ ДА ГО ПАТУВАТЕ ЦЕЛИОТ СВЕТ: Американскиот пасош паѓа сѐ подоле на листата

НАСА ОБЈАВИ НОВО ВИДЕО – ЈАГЛЕРОДНИОТ ДИОКСИД „ЈА ПОКЛОПУВА“ ПЛАНЕТАТА: Светот ја достигна највисоката температура досега

НАСА ОБЈАВИ НОВО ВИДЕО – ЈАГЛЕРОДНИОТ ДИОКСИД „ЈА ПОКЛОПУВА“ ПЛАНЕТАТА: Светот ја достигна највисоката температура досега

(ВИДЕО) САБОТАЖА НА ФРАНЦУСКАТА ЖЕЛЕЗНИЦА, ПОЖАРИТЕ ГИ ПРЕКИНАА ЛИНИИТЕ: Во пресрет на отварањето на ЛОИ во Париз

(ВИДЕО) САБОТАЖА НА ФРАНЦУСКАТА ЖЕЛЕЗНИЦА, ПОЖАРИТЕ ГИ ПРЕКИНАА ЛИНИИТЕ: Во пресрет на отварањето на ЛОИ во Париз

ГЕРМАНСКИОТ ГИГАНТ ОТПУШТА 30 ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ: Дојче бан со големи загуби, ќе намалуваат кадар

ГЕРМАНСКИОТ ГИГАНТ ОТПУШТА 30 ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ: Дојче бан со големи загуби, ќе намалуваат кадар

ПРИНЦОТ ХАРИ ЈА ОТКРИ ГЛАВНАТА ПРИЧИНА ЗА ОТУЃУВАЊЕ ОД МОНАРХИЈАТА: „Сè што кажувам за моето семејство резултира со злоупотреба“

ПРИНЦОТ ХАРИ ЈА ОТКРИ ГЛАВНАТА ПРИЧИНА ЗА ОТУЃУВАЊЕ ОД МОНАРХИЈАТА: „Сè што кажувам за моето семејство резултира со злоупотреба“

ШОК ИЗЈАВА! ФБИ се сомнева дека Трамп бил погоден со куршум

ШОК ИЗЈАВА! ФБИ се сомнева дека Трамп бил погоден со куршум

УНГАРИЈА ГО ЗЕМА НАЈГОЛЕМИОТ КРЕДИТ ДОСЕГА: Еве колку пари позајмила од Кина

УНГАРИЈА ГО ЗЕМА НАЈГОЛЕМИОТ КРЕДИТ ДОСЕГА: Еве колку пари позајмила од Кина

ПОТОНА ТАНКЕР СО 1,4 МИЛИОНИ ЛИТРИ НАФТА: Можна катастрофа за морето и брегот

ПОТОНА ТАНКЕР СО 1,4 МИЛИОНИ ЛИТРИ НАФТА: Можна катастрофа за морето и брегот