Терористите бегале кон украинската граница, досега убиени 115 цивили во Москва
Објавено во: Свет 23 Март, 2024
Руските истражители известија дека најмалку 115 луѓе биле убиени во салата Крокус вчера во терористичкиот напад во Москва, за кој одговорноста јка презеде ИСИС.
Руската тајна служба тврди дека четворицата уапсени терористи од масакрот во салата во Москва се обидувале да преминат во Украина.
„По терористичкиот напад, криминалците имале намера да ја преминат границата меѓу Руската Федерација и Украина и имале релевантни контакти на украинската страна“, велат од ФСБ, пренесуваат руските медиуми.
Во одвоено соопштение, руските истражители известија дека четири лица се уапсени во близина на границата со Украина во областа Брјанск.
Украина силно негираше каква било вмешаност во нападот.