17 Мај, 2024
0.0281

Терористот Абдеслам осуден во Белгија за нападите

Објавено во: Свет 23 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Осомничениот за нападот во Париз во 2015. година, Салах Абдеслам, е прогласен за виновен за нападот во Брисел 2016. година, иако не бил присутен во судницата. 

Денес претседателот на судот, Лук Енар, рекол дека Абдеслам и неговиот соучесник Софиен Ајари, нема да бидат присутни кога ќе се чита пресудата, но не ја открил причината за отсуството на обвинетиот Абдеслам, пренела агенцијата "AP".

Изрекувањето на пресудата е одржано под силни мерки на обезбедување, иако Абдеслам се наоѓа во затвор на северот на Франција.

Абдеслам е единствениот преживеан член од ќелијата на Исламската држава, која во ноември 2015 година го изведе терористичкиот напад во Париз, кога беа убиени 130 луѓе.

Тој бил обвинет и за обид за убиство во напад кој се случил во Брисел, и за самоубиствениот напад на Исламската држава во истиот град во март 2016. година.

Абдеслам бил спроведен под силно обезбедување од Франција во Брисел, за да присуствува на првото судење каде одбил да сведочи.

Неговиот адвокат изјавил дека тој треба да биде ослободен поради процедурални грешки на белгиското обвинителство.


Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра