Добивај вести на Viber
На секои шест месеци во медиумите се појавува информација за одреден напредок во развојот на првиот летачки автомобил во светот. Генералното меѓу публикациите е дека сите тие ветуваат дека ќе го видиме првиот функционален прототоп. Засега тоа не се случило и чекањето продолжува.
Човештвото зборува за летачки автомобили уште од 20-тите години на минатиот век. За тоа време, многу компании се обидуваа да го претворат овој изум во комерцијален производ. Во последно време, сепак медиумите се фокусираа на една фирма - Terrafugia. Од 2008 година компанијата подготвува модел на летачки автомобил наречен Transition.
Кога за првпат почна да се зборува околу
Terrafugia, многу луѓе ја сватија компанијата сериозно. Проблемот е дека во текот на годините раководството даде многу ветувања, кои никогаш не ги испочитува. Брз преглед во извештаите покажува дека Terrafugia умее да собира инвестиции, но ќе успее ли да го пушти на пазарот и како готов производ?
Според последната вест објавена од изданието Gizmodo, на Terrafugia и се потребни уште само 30 милиони долари за да се заврши проектот. Во моментов, компанијата работи на две машини -
Transition и TF-X.
Првата од нив - Transition, треба да се појави во средината на 2016 година. Таа ќе може да развива максимална брзина од 160 км / ч и да лета на височина од 3.000 метри.
TF-X, од друга страна, ќе биде полуавтоматско леталото, кој ќе користи plug-in хибриден систем.. Овој проект е уште во концептуална фаза, но се знае дека за разлика од
Transition, тој ќе има два ротора кои ќе му овозможат да полетува и слетува вертикално. Максималната брзина ќе биде
320 км / ч, а пазарната премиера ќе се одржи по 8 до 12 години.
Сето ова звучи одлично, но во текот на годините Terrafugia даваше секакви ветувања, но досега ниту еден од нив не беше исполнет.
Да се потсетиме:
2008
"Првиот Transition ќе полета во ноември. Клиентите ќе ги добијат своите автомобили до крајот на 2009 година "(8 октомври 2008 година, списанието Popular Science)
"Terrafugia сака да го испорача првиот клиентски Transition до крајот на 2009 година и да пушти моделот во сериско производство до 2012 година" (8 мај 2008 година, списанието Xconomy).
2009
"Дитрих (основачот на Terrafugia) има намера да ја лансира продажбата кон крајот на 2011 година. Цената ќе биде 194 000 долари, а со депозит од 10 000 долари можете да ја нарачате својата машина уште сега. Terrafugia сака да продава по околу 200 примероци годишно, но тврди дека ќеоставари профит и при реализацијата на половина од овој капацитет. "(9 мај 2009 година, весникот Kerrville Daily Times).
2010
"Ако автомобили имаа крилја, тие ќе можеа да летаат - тоа може да се случи уште во почетокот на следната година. Terrafugia ги објави плановите да го лансира својот самолетомобил Transition на пазарот до крајот на 2011 година "(2 јули 2010 година, Associated Press)
2011
"Летечки автомобил може да излезе на патиштата во Америка за неколку месеци. Клиентите веќе се обидоа да дојдат до машината, тврди од компанијата производител. "(18 јули 2011 година Fox News])
"Досега се резервирани 100 парчиња Terrafugia Transition. Од компанијата се надеваат првите машини да ги испорачаат до крајот 2012 година, нивната почетна цена ќе биде 279 000 долари. Засега летачкиот автомобил ќе се нуди само во САД, но од компанијата се надеваат да се пробијат и во Европа. "(31 декември 2011 година, Wired)
2012
"Летечкиот автомобили веќе не е дел од научната фантастика. Од Terrafugia рекоа во понеделникот дека нивниот прототип е завршен и подготвен за првиот лет што конечно ја доближи компанијата до нејзината цел - да продава Летечки автомобили од следната година. "(3 април 2012 година, Associated Press)
"Transition веќе може да се нарача. Првите примероци ќе бидат доставени идната година. Од компанијата планираат да се испорача само 10 од овие летечки автомобили, а нарачките веќе стотици. "(4 април 2012 година, Engadget).
2013
"Од компанијата велат дека ја прифатиле 100 депозити за мултифункционалното возило кое чини 279 000 долари (1 август 2013 година, Fox News).
2014
"Ќе треба да почекате некое време пред да седнете зад воланот на TF-X. Разработката му се очекува да трае меѓу 8 и 12 месеци. Кога TF-X најпосле ќе излезе на пазарот, би требало да чини колку стандарден луксузен автомобил. Дизајнерите работат на развој на производот и документацијата. Ако имате 280 000 долари, Transition може да биде ваш. "(1 мај 2014 година, Discover).
К.К.