07 Октомври, 2024
0.0275

„Тешкашот“ Мицевски и Боки 13: Кои интереси ги поврзуваат?

Објавено во: Македонија 01 Август, 2019

Добивај вести на Viber


Беше олигарх на СДСМ, па стана главен играч за ВМРО-ДПМНЕ, а во последните неколку години, неговата фирма Пелистер е една од тие кои имаат најмногу државни тендери. Бизнисменот Силјан Мицевски сега се споменува како жртва во случајот „Рекет“. Ако во овој случај бил вмешан и обвинител на Специјалното јавно обвинителство, тие обвинители нему не му се непознати. Во 2016 влегоа и во неговата компанија, а самиот беше и актер во објавените бомби од Вистината за Македонија.

Но, како Мицевски како искусен бизнисмен подлегнал и наивно дал дури 750.000 евра за идеја за изградба на домови за пензионери или социјални станови. И зошто го направил тоа? Истрагата треба да покаже зошто ставил потпис на договор со Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, сега првоосомничен во случајот „Рекет“. Неговото име го објави Плусинфо, а уредникот Бранко Героски со своите текстови практично ја отвори аферата за рекетот. Додека не се докажат сите наводи, фактите се дека Мицевски е еден од најмоќните бизнисмени во земјава.

Мицевски е прв човек на градежното претпријатие „Пелистер“, неговото семејство поседува близу 50 аптеки „Еуро фарм“ низ цела Македонија. Поседува капитал и во повеќе компании низ Македонија што се занимаваат со градежништво. Тој е почесен конзул на Србија кој ја приватизираше градежната компанија Пелистер. Според информациите тој и неговата ќерка имаат низа компании на свое име , а во многу компании и се акционери.

Беше и во бомбите кога со Влатко Чингоски од ЕЛЕМ договарал гласање на изборите. Сепак и по промената на власта неговата фирма е една од тие кои земаат најмногу тендери од ЕЛЕМ. Според податоците, најдобитна компанија кај ЕЛЕМ лани бил токму битолски „Пелистер“, сопственост на Силјан Мицевски. „Пелистер“ добил два договори вредни 8,6 милиони евра. И двата тендери се за ископ на јаглен.

Сега самиот е жртва на шемата на Боки 13. Како што пишува Плусинфо градежното претпријатие „Пелистер“ за изградба на пензионерски домови на членка на невладината организација на Боки 13 исплатило 750 илјади евра.

Договорот на Меѓународниот сојуз со „Пелистер“ бил потпишан на 13 декември 2017 година, а предмет на договорот е „платформата“ европски комплекс за возрасни лица и мобилен сервис на територија на општина Охрид и европски центар за стари лица и мобилен сервис на територија на општина Битола. Автор на проектот била Лилјана Тодоровска од Меѓународниот сојуз на чија лична сметка биле исплатени 750.000 евра, како авторски хонорар.

.Во Битола ГП „Пелистер“ требало таков центар да изгради на приватно градежно земјиште, всушност на земјиште кое е во сопственост на „Пелистер“, а Меѓународниот сојуз требало да ја обезбеди целата потребна документација за почеток на градбата. Меѓународниот сојуз на Боки 13 се обврзал на ГП „Пелистер“ да му обезбеди државно градежно земјиште (до 35.000 метри квадратни) на територијата на општина Охрид, лоцирано на охридско крајбрежје, врз база на „наменски меморандум за соработка со општина Охрид.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер