23 Ноември, 2024
0.0177

Тешко е да се каже што ќе преземе семејството: Хрватската амбасадорка за смртта на Тот

Објавено во: Спорт 12 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Амбасадорката на Хрватска во Македонија Нивес Тигањ ја коментираше смртта на 27-годишниот хрватски ракометар Денис Тот.

„Па семејството секако е во шок, си заминаа од Скопје, во овој момент е тешко да се каже какви мерки ќе преземат и што ќе бараат отштета или како ќе постапат. Им ја пруживме сета човечка поддршка и конзуларна помош, а ќе видиме кога ќе дојдат резултатите од истрагата“, изјави за РТЛ амбасадорката Тигањ.

Погрешно проценување или прикривање?

Болницата сѐ уште е под истрага зошто прво беше објавено дека Тот починал од срцев удар, со напомена дека нема видливи траги на насилство. Многумина се прашуваат дали ова е погрешна проценка или прикривање.

„Поради овие контрадикторни информации кои првично ги пласираа болницата и полицијата дека на телото на починатиот Денис немало траги на насилство, а по обдукцијата која даде различни резултати, министерот за здравство покрена истрага. Државното правобранителство го оквалификувало кривичното дело убиство“, рече Тигањ.

Тот бил нападнат од три лица

Да потсетиме, хрватскиот ракометар Денис Тот почина минатата недела откако три лица го нападнаа пред ноќниот клуб Привилиџ во Скопје. По кратката вербална расправија, триото го нападнале Тот и му задале повеќе тупаници и клоци.

Тот паднал од ударите и со задниот дел од главата удрил во асфалтот при што изгубил свест. Осомничените продолжиле да го удираат по главата, а потоа без да му помогнат избегале. Лице вработено во ноќен клуб повикало брза помош, по што несреќниот Тот бил донесен во клиниката Марија Тереза ​​каде починал.

извор: индекс.хр

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.