05 Декември, 2025
0.0291

Тешко забременив поради болеста: Искрено со Нора Шаќири

Објавено во: Стил 30 Септември, 2019 09:01

Добивај вести на Viber

Нора Шаќири-Марковиќ и нејзиниот сопруг Марко, во моментов ги живеат најсреќните денови. Нора, која е познато ТВ лице и новинар, сега вработена во Министерството за култура, е во четвртиот месец од бременоста. За Женски магазин, Нора искрено раскажа дека кога дознала дека е бремена, таа и најблиските биле збунети и заплакале од среќа. Нора открива дека била исплашена дека можеби желбата да стане мајка ќе ѝ се оствари побавно, поради проблемите со тироидната жлезда со кои се бори долги години.

„Влегувам во четврти месец за некој ден, уште не знам што носам, секој со своите желби, но само Бог знае што нѝ подарил. Кога дознавме, реакцијата беше збунувачка, солзи радосници па приземјување..Со оглед на фактот дека јас боледувам од хашимото тироидеа, некако можеби потешко одеше оваа приказна, но се разбира, во ниту еден момент не кренавме раце, и ете се случи токму кога решивме да се опуштиме. На крајот од денов, ова е божја работа. Тој реши дека сега јас и Марко треба да станеме родители“, раскажа Нора за Женски магазин.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: