20 Декември, 2025
0.0376

ТЕТЕКС ОД ДИВИДЕНДИ ЌАР 1,1 МИЛИОН ЕВРА: Инвестициски фондови ќе му позавидат на Гоговски!

Објавено во: Економија 26 Февруари, 2016 07:54

Добивај вести на Viber

Најпозната домашна текстилна индустрија лани има приходи од продажба од вкупно 3,8 милиони евра и оперативна загуба од 0,28 милиони евра. Фирмата е како силен инвестициски фонд! Од дивидендите извадила 1,1 милиони евра Текстилниот комбинат „Тетекс“ лани до дивиденди собрал 1,1 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од билансите за 2015 година што компанијата ги објави на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност. „Тетекс“ најпознатата македонска текстилна индустрија лани од својата дејност книжи оперативна загуба од 17,5 милиони денари заради тоа што неговите оперативни расходи биле повисоки од оперативните приходи во текот на 2015 година. Спасот на финансиската година на “Тетекс’ доаѓа од фирмата – ќерка „Петролгас“ специјализира за трговија со нафта и со нафтени деривати. Имено тоа друштво во кое „Тетекс“ е единствен газда префрла 59,69 милиони денари односно речиси 1 милиони евра во дивиденда на текстилниот комбинат „Тетекс“. Останатите 100.000 евра дивиденда во „Тетекс“ влегуваат од неговиот мнозински стек акции во ТТК Банка, а последните 0,23 милиони денари влегуваат од дивиденди во други друштва. Вкупно од дивиденди лани „Тетекс“ има прилив од 67,13 милиони денари. За оваа деловна година многу финансиски советници и управители на инвестициски фондови можат да му позавидат на долгогодишниот директор Глигорие Гоговски, воедно и најголемиот акционер во „Тетекс“ за умешноста за креирање приливи од дивиденди што укажува на квалитетот на инвестициите. За „Петролгас“ ДООЕЛ во македонската јавност не можат да се најдат многу податоци. Освен тоа неколку факти: во 2012 година по исплатата на некои сопственици на удели ја менува формата од ДОО во ДООЕЛ при што единствен сопственик останува тетовскиот комбинат „Тетекс“, дека паричниот влог на „Тетекс“ во тоа друштво е 39 милиони денари и дека на 25 декември лани (пред неполни два месеци) „Петролгас“ продаде 4.200 акции со право на глас од „Македонија турист“ АД Скопје, со што вкупно остана да поседува 18.766 обични акции или 4,15% од основната главнина на друштвото. Од финансиските резултати на „Тетекс“ само и исклучиво благодарејќи на дивидендите може да се види дека компанијата годината ја заврши со добивка од 47,15 милиони денари што е безмалку седум пати поголема добивка од 2014 година кога компанијата имала добивка од 7,7 милиони денари. Што се однесува до продажбите на „Тетекс“ може да се види дека лани остварил приходи од продажба во износ од 235,5 милиони денари што е 10 отсто повеќе во однос на 2014 година. Видливо е и тоа дека „Тетекс“ од почетокот до крај на годинава ги намалил залихите на готови производи и на производство во тек за 16 милиони денари до ниво од 381,6 милиони денари, а лани ги зголемил за 30 милиони денари до ниво од 397,8 милиони денари.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба