19 Мај, 2024
0.0268

Тетовчанка меѓународен правник во Унгарија – кој е клучот за успех?

Објавено во: Економија 22 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Дваесет и пет годишната Сенада Сали од Тетово,  по професија меѓународен правник, веќе три години престојува во Унгарија и работи како меѓународен правник.

Таа работи во меѓународна организација за човекови права со седиште во Будимпешта- ERRC , European Roma Rights Centre. Работи на случаите на дискриминација на Ромите во држави низ цела Европа. Желбата за напредок во кариерата и дообразување ја однела од Македонија во Унгарија.

„Пред се се преселив тука поради дообразување. Ми беше доделена стипендија за мастер студии на универзитетот CEU - Central European University.  Во јуни минатата година магистрирав на департманот за Меѓународни односи и европски студии меѓу најдобрите 10 студенти во генерацијата.  Пред да се доселам во Унгарија  дипломирав на Јустинијан отсек правни студии со просек 9,83.  Главен фокус на мојата работа се случаите на дискриминација на Ромите во држави низ цела Европа. Тоа вклучува случаи на полициска бруталност, повреда на репродуктивни права на жените, повреди на  права на децата сместени во домови и корективни центри, расно профилирање на граници, сегрегација во училиштата, присилно иселување, ограничен пристап до вода и здрава животна средина и слично. Случаите на кои секојдневно работам се поведени како пред  национални судови и органи- правобранител, комисија за заштита од дискриминација така и пред меѓународни тела Европскиот суд за човекови права во Стразбург и механизмите за правна заштита при Обединетите Нации“ - раскажува Сали.

3

За себе вели дека е многу амбициозна личност и во идина се гледа како правник кој работи во Европскиот суд за човекови права. Од животот и работните услови во Унгарија е задоволна. Објаснува дека месечната плата на правник во Унгарија е тројно повисока од онаа на правник во Македонија.

„ Сепак, наоѓањето работа од страна на кадар кој доаѓа од земја која не е членка на ЕУ не е едноставно. Јас ја имав таа среќа да ми биде понудена работна позиција веднаш по завршувањето на моите мастер студии. Од голема помош беше фактот дека говорам 7 јазици (англиски, шпански, македонски, албански, ромски, турски и српско-хрватски). Денес сите тие јазици ги користам во мојата работа, иако главен работен јазик ми  е англискиот. Повеќето од јазиците кои ги говорам, ги научив уште како дете. Пораснав во Тетово во мултичкиетничка, мешана средина и горда сум на тоа. Моите пријатели се од сите можни етнички припадности: Македонци, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци и сите подеднакво ги ценам и почитувам“ - вели младата тетовчанка.

5

Сали е само една од многуте млади образовани луѓе кои ја напуштиле земјата во борба за подобра иднина,  но времето ќе покаже дали и како овој „одлив на мозоци“ ќа влијае на Македонија.

С.А.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?