ТИЕ СЕ КРАЛИЦИ НА ЗОДИЈАКОТ: Жените во овој хороскопски знак се родени диви и зрачат со секоја појава!
Објавено во: Општо 01 Август, 2018 21:03
Тие никогаш не глумат дива туку едноставно такви се родени! Таквиот став им е запишан во ѕвездите.
Жените родени во хороскопски знак Лав ги нарекуваат кралици на хороскопот, а тие и навистина се!
Секогаш се главни во друштвото и родени да бидат диви.
Тие се забавни, и се способни и најдосадниот настан да го направат забавен, сјаат со позитивна енергија и се интересни, па со нив многумина сакаат да се дружат.
За нив најважна е верноста, на секое поле. Секогаш може да се потпрете на нив бидејќи никогаш нема да се обидат да ве измамат.
Жените Лавици имаат стил и се познати по својот кралски вкус но и високи стандарди. Во нивната гардероба нема да најдете партали и евтини парчиња, туку неколку елегантни и внимателно избрани модни комбинации за кои се сигурни дека совршено им стојат.
Лавиците се неодоливи. Тие не треба воопшто да се трудат за да го привлечат вниманието на спротивниот пол, бидејќи мажите едноставно летаат во нивна насока. Останатите дами на тоа им завидуваат бидејќи и да дадат се од себе , не можат да се натпреваруваат со природниот шарм на лавицата.
Жените во знак на Лав често размислуваат надвор од рамките и се личноста во друштвото која има најдобра идеја. А поради својата креативност често се и одлични претприемачки и менаџерки.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





