Тинклер: Вчера милијардер, денеска пред банкрот
Објавено во: Стил 22 Ноември, 2012 12:30
Тинклер брзо стигна до врвот, но се чини исто толку брзо и паѓа надолу. Сега се соочува со сериозни долгови, а неговата империја за коњските трки, неколкуте спортски екипи кои ги поседува, како и неговиот личен авион може да му бидат одземени.
И додека доверителите се вртат околу Тинклер со месеци, вчерашната пресуда на високиот суд во Нов Јужен Велс за ликвидирање на неговата компанија „Mulsanne Resources“ поради неплатен долг од 28.4 милиони австралиски долари може да биде индикација дека среќата веќе го напуштила. Претходно неколкупати успеваше да ја одложи ликвидацијата на неговата компанија.
Денес неговата компанија за одгледување расни коњи и организирање трки „Patinack Farm Administration“ влезе во процедура на ликвидација со обврски во износ од 2 милиони долари.
Проблемите на Тинклер се одразуваат и на спортскиот живот во земјата. Неговата компанија „Hunter Sports Group“ заостанува со плаќањето на платите на спортистите од фудбалскиот тим Њукасл Џетс и на тимот на рагби Њукасл Наитс. Тинклер засега најде доволно пари за да плати кирија на стадионите, користени од двата тима.
Избегната е засега и заплената на неговиот приватен авион „Dassault Falcon 900“ вреден 40 милиони австралиски долари. Со него тој одлета за Сингапур, каде што тој и неговото семејство живеат во соседни куќи, пред кои се паркирани Масерати и Порше.
За време на големиот пад на цените на јагленот во август, Тинклер се откажа од плановите за купување на еден од најголемите производители на јаглен во Австралија „Whitehaven Coal“ за 5.3 милијарди австралиски долари. Компанијата на Тинклер „Aston Resources“ сепак останува најголемиот акционер во „Whitehaven Coal“ со удел од 19.4 отсто.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





