16 Април, 2025
0.0550

„ТОА ТРЕБА ДА ГО ПРАШАТЕ ТАРАВАРИ“: Меџити пред средбата на лидерите на партиите дел од коалицијата „Вреди“ - Таравари вели нема поделби

Објавено во: Македонија 11 Април, 2025 21:13

Добивај вести на Viber

Коалицијата Вреди вечерва одржува состанок во Скопје на којшто се очекува да стане збор за состојбата внатре во коалицијата и за претстојните локални избори. На состанокот присуствуваат лидерите на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, на Демократското движење Изет Меџити, на Беса Биљал Касами и на Алтернатива Зеќирија Ибраими.  

Пред состанокот, Таравари кусо во изјава за медиумите рече дека нема да има поделби внатре во коалицијата. На новинарско прашање за тоа кои се очекувањата од вечерашниот состанок, Таравари рече дека е без очекувања, бидејќи „се работи за редовен состанок на партиите”.

Лидерот на Демократско движење и министер за животна средина и просторно планирање Меџити, пак, посочи дека коалицијата ќе настапи со заеднички листи на претстојните локални избори, додека за тоа дали Таравари останува во Вреди или ќе ја напушти коалицијата, Меџити рече: „Тоа треба да го прашате Таравари”.

Лидерот на Беса Биљал Касами не даде изјава пред состанокот, додека претседателот на Алтернатива Зеќирија Ибраими рече дека се работи за координативен состанок на партиите од Коалицијата Вреди. 

Во изјави за медиумите денешниот состанок го најавија Касами и Таравари.

Касами денеска изјави дека состанокот на коалицијата Влен ќе се утврди како таа ќе настапи на престојните локални избори. Касами е убеден дека Влен на изборите ќе настапи заедно. 

- Продолжуваат редовните комуникации во рамките на коалицијата Влен, а денеска го имаме следниот состанок каде ќе се продолжи да се разговара во однос на излегувањето на локалните избори. Јавноста веќе е запознаена дека има неколку опции, но како и да е се надевам дека денеска ќе биде последниот ден, односно последен состанок, каде ќе се дефинираат овие дилеми во рамките на дебатата за локалните избори - рече Касами.

Потоа додаде дека според него на локалните избори ќе настапат заедно. 

- Јас сум убеден дека Влен и на локалните избори ќе оди заедно и тоа што го покажавме на парламентарните избори ќе го покажеме и на локалните избори и конечно ќе успеваме да ги добиваме и општините и да ги водиме успешно како што ние сме убедени дека ја водиме политиката во рамките на владината коалиција но исто така и во рамките на општините каде што и досега се води од коалицијата - изјави Касами. 

Таравари по работната посета на општа болница „Ферид Мурад“ во Гостивар, одговарајќи на новинарско прашање истакна дека претседателите на Беса, Биљал Касами, на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, на Демократското движење, Изет Меџити и тој како прв човек на дел од АА се во континуирана комуникација во однос на натамошното политичко дејствување и изрази надеж дека ќе се изнајде надоброто можно решение, кое ќе биде во интерес на сите.  

- Во Вреди продолжуваме со разговори. Вечерва имаме состанок, сите четири претседатели на партии, континуирано имаме комуникација, се надевам дека работните групи ќе продолжат да работат и дека ќе изнајдат најдобро можно решение, кое нема да биде фрустрирачко или демотивирачко за партиите, кои се дел од Влен - истакна тој.

Во однос на изјавите на градоначалникот на Тетово и негов коалициски партнер, Касами, лидерот на едното крило на АА изјави дека во психологијата има еден феномен кога „устата побрзо зборува додека мозокот процесуира“. 

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, кој е и претседател на Демократското движење пред неколку дена побара од Таравари да избере страна, дали ќе биде дел од Влен или ќе преговара со ДУИ за претстојните локални избори. 

Меџити на прес-конферецијата во Владата во вторникот истакна дека Таравари бил запознат со идејата за обединување на политичките партии од овaа коалиција во една партија. 

Идејата за фузирање, како што истакна, била присутна уште од самиот почеток на коалицирањето, но се чекало соодветен момент за усогласување на политичките структури, идеите и програмите за да се направи следниот чекор кон формирање еден политички субјект.

Фото: Принтскрин/Фејсбук/МИА

Можеби ќе ве интересира

ГО КРШЕЛЕ КАТАНЕЦОТ И КРАДЕЛЕ ВО ОБЈЕКТ НА МЖ ИНФРАСТРУКТУРА: „Пленот“ вреди 1.239.000 денари

ГО КРШЕЛЕ КАТАНЕЦОТ И КРАДЕЛЕ ВО ОБЈЕКТ НА МЖ ИНФРАСТРУКТУРА: „Пленот“ вреди 1.239.000 денари

„ВРИЕ“ ПОЛИЦИЈА КАЈ ГРАДСКИ ПАРК: Ќе играат Вардар и Црвена Ѕвезда

„ВРИЕ“ ПОЛИЦИЈА КАЈ ГРАДСКИ ПАРК: Ќе играат Вардар и Црвена Ѕвезда

ОДЗЕМАЊЕ НА ПАСОШ, ЗАБРАНА ЗА НАПУШТАЊЕ НА ЖИВЕАЛИШТЕ: Мерки за шест уапсени полицајци за пожарот во Кочани

ОДЗЕМАЊЕ НА ПАСОШ, ЗАБРАНА ЗА НАПУШТАЊЕ НА ЖИВЕАЛИШТЕ: Мерки за шест уапсени полицајци за пожарот во Кочани

СОСЕЛАНИТЕ СО ЧАСОВИ ГО БАРАА: Најдено е момчето од Тремник кое беше пријавено за исчезнато

СОСЕЛАНИТЕ СО ЧАСОВИ ГО БАРАА: Најдено е момчето од Тремник кое беше пријавено за исчезнато

ОБВИНИТЕЛСТВО ЈА ПОЧНУВА ИСТРАЖНАТА ПОСТАПКА ПРОТИВ АРИФИ - сакал 100 илјади евра за да смести старо лице на Геријатрија

ОБВИНИТЕЛСТВО ЈА ПОЧНУВА ИСТРАЖНАТА ПОСТАПКА ПРОТИВ АРИФИ - сакал 100 илјади евра за да смести старо лице на Геријатрија

„КАКО МОЖЕ НИТУ ЕДЕН ОД АКТУЕЛНИТЕ НАЧАЛНИЦИ НА МВР ДА НЕ СЕ ВИНОВНИ, А ПРИВЕДЕНИ СЕ ПЕТМИНА ПЕНЗИОНИРАНИ“ - СДСМ со реакција за најновите апсења на МВР

„КАКО МОЖЕ НИТУ ЕДЕН ОД АКТУЕЛНИТЕ НАЧАЛНИЦИ НА МВР ДА НЕ СЕ ВИНОВНИ, А ПРИВЕДЕНИ СЕ ПЕТМИНА ПЕНЗИОНИРАНИ“ - СДСМ со реакција за најновите апсења на МВР

ПО НЕСРЕЌАТА ВО КОЧАНИ, НА ДВАЕСЕТИНА ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ЗАЗДРАВУВАЊЕТО МОЖЕ ДА ИМ ТРАЕ И ДО ДВЕ ГОДИНИ: Веќе направен е списокот

ПО НЕСРЕЌАТА ВО КОЧАНИ, НА ДВАЕСЕТИНА ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ЗАЗДРАВУВАЊЕТО МОЖЕ ДА ИМ ТРАЕ И ДО ДВЕ ГОДИНИ: Веќе направен е списокот

СЕ ТРАГА ПО 22 ГОДИШНО МОМЧЕ ОД СЕЛОТО ТРЕМНИК - имало здравствени проблеми, СВР Велес ги презема сите потребни мерки

СЕ ТРАГА ПО 22 ГОДИШНО МОМЧЕ ОД СЕЛОТО ТРЕМНИК - имало здравствени проблеми, СВР Велес ги презема сите потребни мерки

„Се споменуваат лица кои биле учесници во настанот, а не се на обвинителна клупа“: бранителот на Видевски бара реконструкција

„Се споменуваат лица кои биле учесници во настанот, а не се на обвинителна клупа“: бранителот на Видевски бара реконструкција