25 Април, 2024
0.0270

ТОАЛЕТНАТА, ВЛОШКИТЕ, ПЕЛЕНИТЕ И ВЛАЖНИТЕ МАРАМЧИЊА СО ПОНИСКИ ЦЕНИ ЗА 13 ОТСТО: Бектеши потврди, се замрзнуваат цените на овие производи

Објавено во: Економија 29 Март, 2023

Добивај вести на Viber

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница ќе донесе Одлука со која се утврдуваат највисоки цени на трговија на мало на хигенски производи.

Согласно одлуката се утврдуваат највисоки цени на тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни (дајперси) и хигиенски влошки кои се применувале на 20 март во трговијата на мало, кои цени се намалуваат за 13 отсто.

„Оваа одлука се носи согласно анализите направени во Министерството за економија имајќи ги во предвид податоците од Царинската управа. Во делот на тоалетна хартија цените на тоалетната хартија се движеле од 94,8 денари до 343,3 денари, од 1 март до 24 март 2023 година цената се движела од 94,8 денари до 205 денари а со пресметано ДДВ од 11 денари до 241 денар, а 85 отсто од тоалетната хартија е од увоз. Кај влажните марамици цената се движи 94,6 денари во јануари, 94,5 денари во февруари и 83,2 денари во месец март 2023. Редовната царина е 6 отсто. За пелени за деца и возрасни (дајперси) се движи 36, денари по парче до 1.600 денари по кутија, а кај за хигиенски влошки се движи 27,9 денари по парче до 63,56 денари по парче. Редовната царина е 6%“ кажа министерот Бектеши.

Министерот додаде дека одлуката за хигенските влошки се носи пред се бидејќи Законот за намалување на ДДВ на овие производи сеуште не е усвоен во Собранието.

“Имајќи во предвид дека за жал во собраниска процедура од декември минатата година има законско решение за овие производи за намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто, но сеуште ова решение не е разгледано во Комисијата за фианнсирање и Буџет во Собранието“ кажа министерот Бектеши.

Оваа одлука стапува на сила по објавување во Службен весник.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија