ТОГАШ ЗАГИНАЛЕ 30 ИЛЈАДИ ЛУЃЕ - земјотрес со иста јачина пред 84 години ја погодил Турција

Објавено во: Свет 06 Февруари, 2023
Земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што рано утринава ја погоди јужна Турција е еден од најсилните што земјата ги доживеала во повеќе од 100 години снимање, соопшти Геолошкиот институт на Соединетите држави (USGS).
USGS објави дека подеднакво силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погодил источна Турција во 1939 година, при што загинале повеќе од 30.000 луѓе.
Инаку, бројот на жртвите во овој земјотрес се искачи на над 195 лица, јавуваат светските медиуми.
Карл Ланг, асистент на Универзитетот Џорџија Техника, изјави за Си-Ен-Ен дека областа погодена од земјотресот е подложна на сеизмичка активност.
„Тоа е многу сеизмички активна област. Таму има многу голема зона на расед, но ова е поголем земјотрес отколку што тие доживеале во поновата историја“, рече Ланг.
Земјотреси од оваа јачина се ретки, во просек, помалку од пет годишно во светот.
„Она што е навистина невообичаено овде е тоа што ова е многу голем земјотрес кој исто така е блиску до површината“, рече Ланг.
Во изминатите 25 години Турција беше погодена од неколку силни земјотреси. Седум од нив биле со магнитуда од 7 или повисоки, но утринава била најсилна, пишува CNN.
Тоа е, исто така, најсилниот земјотрес во светот од 2021 година, кога земјотрес со јачина од 8,1 степени според Рихтеровата скала го погоди оддалечениот регион во близина на Јужните Сендвич Острови во јужниот дел на Атлантскиот Океан. Тогаш немаше никаква штета.
ИндексФото ЕПА
Можеби ќе ве интересира
Хамза Јусаф, првиот премиер муслиман на Шкотска, со молитва ја мина првата ноќ во кабинетот

Зеленски го покани претседателот на Кина на посета

КРИПТОКРАЛОТ ОСНОВАЛ ФИРМА ВО СРБИЈА ЗА 100 ДИНАРИ: Еве што сакал да работи на Балканот!

ЛИКВИДИРАН ОД ОДМАЗДА - Пронајден мртов озлогласениот руски командант, има две верзии за неговата смрт
РИЗИЧНА ГРУПА ЗА ДВАТА НАЈОПАСНИ КАНЦЕРИ: Проверете ја вашата крвна група

ИМА СИЛНИ БОЛКИ И ЌЕ МУ ПРАВАТ ТЕСТОВИ - Силвио Берлускони примен во болница во Милано

НЕ КАЖА КОЈА Е ТАА ДРЖАВА: Зеленски се пожали дека некоја европска земја им пратила систем за воздушна одбрана, но тој не работел

АКТИВИРАНИ ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛНИ БАЛИСТИЧКИ РАКЕТИ: Руските стратешки ракетни сили започнаа вежби
