ТОНЕТЕ ЛИ ВО ОПОРТУНИТЕТНИ ТРОШОЦИ? Еве кои се и од каде доаѓаат

Објавено во: Финансии 04 Март, 2024 06:00
Дали некогаш сте биле во ситуација кога треба да изберете? Сигурно да. Доколку сте се нашле во позиција во која сте имале неколку понуди, дали за инвестиција, или можеби за работа и сте ја избрале онаа што ви изгледала најпаметна, со вашата одлука сте создале опортунитетен трошок.
Цената на пропуштената шанса, како што инаку се нарекува, ја претставува вредноста на одредено добро наспроти друго, односно разликата што претставува трошок за нас.
Кога станува збор за опортунитетните трошоци, тоа не значи дека парите го „напуштаат“ вашиот џеб, туку разликата помеѓу парите што ги имате сега и парите што би ги имале да донесете поинаква одлука во одреден момент.
Да разјасниме со пример
Моментално сте на пресврт во животот и треба да одлучите дали сакате да ја прифатите понудата на друга компанија која ви нуди 1.000 евра месечно, додека вие сега заработувате 700 евра.
На крајот, поради лични причини, се откажувате од новата компанија и одлучувате да останете таму каде што веќе работите, а со тоа вашиот опортунитетен трошок е 300 евра месечно или 3.600 евра годишно.
1.000-700=300
300*12=3.600
Буквално не сте „изгубиле“ пари од вашиот џеб, но доколку сте донеле поинаква деловна одлука, сега дефинитивно ќе имавте повеќе пари, а со тоа и поголема куповна моќ, а таа разлика е опортунитетниот трошок.
Можеби ќе ве интересира
СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ ПОДГОТВУВА НАСЛЕДНИК НА ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР - Николетопулос останува сѐ додека новиот прв човек не ги добие сите потребни согласности

ЛУЃЕТО САКААТ ДА ШТЕДАТ ВО ДЕНАРИ, СУМАТА СЕ БЛИЖИ ДО ТРИ И ПОЛ МИЛИЈАРДИ ЕВРА - каде и како решивте да ги вложите вашите слободни пари

РОДИ МЕ МАЈКО СО КСМЕТ, КОМЕСАР ДА БИДАМ: Земаат околу 28.000 евра плата, ама во споредба со платата на Фон дер Лајен тоа не е ништо

ПРВАТА ТРАНША ВО ВИСИНА ОД 52,4 МИЛИОНИ ЕВРА „ЛЕГНА“ НА СМЕТКАТА: Муртезани со детали за парите од ЕУ
ДОБРО ПОГЛЕДНЕТЕ ВО ПАРИЧНИЦИТЕ: Оваа монета од 20 центи вреди 10.000 евра

ОД УТРЕ ПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА ПОМОШТА ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ: Еве ги деталите

ОТРОВ ШТО ДОНЕСЕ МИЛИЈАРДИ: На индустријата и требаа години да се ослободи од црвената боја

ТРАМП САКА САМО ЕДНО: Кој ќе попушти прв, Зеленски или Путин?

ОВИЕ ИНДУСТРИИ НОСАТ МИЛИОНСКА ЗАРАБОТКА: За нив ретко се зборува, но секогаш има работа
