17 Декември, 2025
0.0504

Тони Блер е прескап, Србија ќе ја советува еден од неговите министри

Објавено во: Балкан 30 Јуни, 2014 11:50

Добивај вести на Viber

Поранешниот британски премиер Тони Блер сепак се покажал како прескап за да биде ангажиран за советник за евроинтеграции на српската Влада. Наместо него, Александар Вучиќ ќе го ангажира Питер Менделсон, поранешен министер во британската Влада. Според пишувањето на Дејли мејл, Србија „иако е на ивица на банкрот“ сепак е подготвена на поранешниот лабуристички министер да му понуди вносен договор, бидејќи ангажирањето на Блер се покажало прескапо. „Српскиот премиер Александар Вучиќ, некогашен близок соработник на Слободан Милошевиќ, веќе ги пречека Блер и Џонатан Пауел, поранешниот шеф на кабинет во Даунинг стрит, но сепак на крајот го сака господинот Менделсон за советник“, пишува весникот. Во текстот се додава дека Вучиќ, кој и самиот едно време работел како градежник во Велика Британија за две фунти на час, е свесен дека Блер и неговите некогашни колеги заработуваат милиони. Тој лично се видел со Менделсон пред една година, кога бил потпретседател на Владата, и уште тогаш му понудил соработка, но овој го одбил заради презафатеност. Сега имал намера пак да го повика и да ја обнови понудата. „Менделсон е најдобриот мотиватор што сум го видел во животот. Некои луѓе би рекле дека е мрачен, но тој е една силна, непобедлива личност, не можете да го исплашите, многу е влијателен и навистина може да биде ефикасен“, рекол Вучиќ. Сепак, дел од медиумите шпекулираат дека единствена причина за неангажирање на Тони Блер не е цената. Имено, Вучиќ наиде на остри критики кога се одлучи да му понуди да ја советува српската Влада за евроинтеграции, со оглед на тоа што поранешниот британски премиер беше еден од најгласните поддржувачи на НАТО бомбардирањето на Србија, за што доби и одликување на Косово.  

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии