05 Мај, 2024
0.0221

Груевски, Блер, Субрата Рој во новиот театар – слободна и обединета Европа во мир!

Објавено во: Стил 02 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

На покана на Субрата Рој, некогашниот британски премиер Тони Блер дојде во Македонија. Се сретна и со Претседателот и со Премиерот, а одржа и говор во официјалниот дел од програмата на Мировниот балкански фестивал кој официјално, го организира фирмата на индискиот бизнисмен Тони Блер, заедно со Субрата Рој и владиниот врв, во новиот „Стар театар“ беа дел од свеченоста на „Сахара Груп“. Блер зборуваше за тоа дека Македонија сега не е симбол на проблемите на Балканот, туку симбол на решението. Тој и честиташе на Македонија за направениот напредок и за тоа што е првата земја домаќин на фестивалот. „Иднината им припаѓа на оние со отворен ум, а патот до мирот и просперитетот ќе се постигне само доколку сме партнери едни со други, а не спротиставени страни, истакна вечерва поранешниот британски премиер Тони Блер, кој присуствува на Самитот за мир што се одржува во рамки на првиот Сахара Балкански мировен фестивал, пренесе МИА. Премиерот Никола Груевски пак посочи дека Европската Унија е најголемиот мировен проект, но и дека без Балканот и без Македонија, Европа не е целосна. - Европскиот континент каков што го знаеме денес беше трансформиран во согласност со визијата за Европа – слободна, обединета и во мир. Милиони луѓе низ целиот континент ги уживаат плодовите од спроведувањето на оваа визија. Македонија како и целиот Балкан е неодминлив составен дел на ваквата визија за европскиот континент. Обединувањето на Европа без Балканот како интегрален дел на европската конструкција едноставно не е можно, рече Груевски. Претходно Тони Блер се сретна со претседателот Ѓорше Иванов, каде било заклучено дека европската идеја и интеграцијата се незаменлив механизам за реформските процеси и достигнување на европските вредности и критериуми кај земјите аспиранти, но истовремено и механизам за надминување на билатералните разлики. Блер пред Иванов истакнал дека и како премиер и сега силно ги подржувал евро -интегративните процеси на западниот Балкан и сметал дека Унијата не може да биде комплетен проект без интеграција на Западниот Балкан. Субрата Рој пак имаше долго обраќање во текот на првата вечер каде меѓу останатото изјави: „Барав земја во светот која ќе биде без корупција за одржување на првиот фестивал и одлучив тоа да биде Македонија. Овој фестивал го започнуваме на 2. октомври, ова е меѓународен ден на ненасилството и ден на Махатма Ганди. Воедно, голема радост ми е што сум овде во градот на мајка Тереза. Јас лично бев многу близок со мајка Тереза. Прилично сум елоквентен, но во моментов не можам да најдам зборови со кои можам да ја опишам нејзината личност“.