Тони Стојановски е новиот претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

Објавено во: Мои пари 03 Септември, 2024 14:44
Тони Стојановски е новиот претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје и човекот кој ќе ја води Банката во наредните години и низ идните предизвици. Со ова успешно се заокружува преодниот период на НЛБ Банка Скопје кој го подготви досегашниот претседател на Управниот одбор, Бранко Грегановиќ. По одлуката на Надзорниот одбор на Банката и добиената согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, Тони Стојановски ја презема функцијата претседател на Управниот одборна НЛБ Банка Скопје од денеска, 3.09.2024.
„Длабоко сум почестен од укажаната доверба на Надзорниот одбор и на Народната банка да бидам назначен за нов претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје. Оваа Банка има наследство на извонредност, што ме прави исклучително мотивирани натаму да го унапредувамсо интегритет и посветеност. Уверен сум во компетенциите на тимот и способноста на колективот да ја насочиме оваа институција кон врвни резултати и просперитет, да ги одржиме највисоките стандарди во банкарството, истовремено обезбедувајќи одржлив раст и заеднички успех за сите засегнати страни.“ - истакнуваТони Стојановски во својата прва изјава по стапувањето на функцијата претседател на УО на НЛБ Банка Скопје.
За прв човек на НЛБ Банка Стојановски беше именуван од Надзорниот одбор на Банката на 10 јунигодинава. Во очекување на одобрението на Народната банка, од почетокот на јули, тој ја извршуваше функцијата помошник на Управниот одбор.
За потсетување, на челната позиција на НЛБ Банка, Тони Стојановски доаѓа од Стопанска банка Скопје каде 15 години беше член на Управниот одбор на Банката, а низ годините извршуваше и други високо-раководни функции. Пред да се приклучи на менаџерскиот тим на Стопанска банка Скопје, Стојановски извршуваше високо-раководни функции и во Народната банка на Република Северна Македонија. Тој е магистер по економски науки од областа на монетарната економија, банкарски професионалец со повеќе-децениско работно искуство во финансискиот сектор и долгогодишен член на релевантни одбори и организации.
пр објаваМожеби ќе ве интересира
Проф. д-р Крлиу: Нашата заложба е да создадеме граѓани на светот – тоа се гледа во секој наш студент

„Макпетрол“и„Телма“ во соработка со Сашко Коцев почнуваат нова забавна детска емисија

Ивановски и Поп Арсова – победници на 9.издание на HalkEco Скопје Трча 10 км

Моја Кравица – верен сојузник на детската трка „Охрид трчаТ“ и детската енергија

„Арс Ламина“ освои седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книгата 2025

Прилепска Пиварница добитник на платинеста награда за извонредност во квалитет и безбедност на храна од PepsiCo за 2024 година

Во недела ќе се одржи 9. издание на HalkEco Скопје Трча 10КМ

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 09.05.2025 изнесува 90,47 евра за мегават час, на МЕМО 99,81 евра за мегават час

Чуварите на мудроста по трет пат ќе ги отворат срцата и умовите пред младите
