ТОП 10: Најскапите чевли на светот
Објавено во: Стил 22 Септември, 2013 21:58
Ив Сен Лоран е роден во Алжир во 1936 година. Започнува да прави облека за својата мајка и сестра . Во 1954 година се преселил во Париз и почнува да учи „Chambre Syndicale de la Couture“ . Забележан е од многу модни дизајнери, а пресвртот се случува кога е претставен на Кристијан Диор. Прави својот бренд во 1962 година.
9 . Чизми од Stuart Weitzman - 475 долари
Вајцман е познат по тоа што често употребува неконвенционални материјали, како плута , винил , хартија и злато. Секоја година тој претставува уникатен модел во вредност од 1 милион долари. Обично моделот се дава на актерка , номинирана за Оскар , за да може таа да се појави со него на наградите .
8 . Miu Miu - модел од кожа со отворени прсти - 486 долари
Марката е основана во 1983 година од Прада . Брендот има рекламни лица како Летиција Каста , Кирстен Дънст , Кејти Холмс , Линдзи Лохан и др .
7 . Valentino Rose Pump - 520.99 долари
Моднатакуќа Valentino е основана во 1959 година . Базирана е во Милано . Денес , освен облека , прави уште чевли , очила , парфеми и додатоци.
6 . Brian Atwood - модел Loca Studded Pumps - 560.76 долари
Мотото на компанијата е „сексапилот е во петицата" . Брајан Атвуд создава својот бренд во 2001 година , а пред тоа работел за Versace .
5 . Manolo Blahnik - модел Stretch Lace Boot - 624.90 долари
Маноло Бланик е шпански дизајнер, а во 70-тите години , кога сите носат платформи , Бланик прави чевли со тенки потпетици . Тоа се омилените обувки на хероината од „Сексот и градот" Кери Бредшо .
4 . Gucci - модел Sofia High Heel Bootie - 795 долари
Компанијата е основана во 1921 година . Денес таа е сопственост на Kering . Тоа е најголемиот моден бренд во Италија - има 278 директно контролирани продавница во светот , без да се бројат франшизите .
3 . Jimmy Choo - сандали со метал и кожа - 1 095 долари
Џими Чоо е англиски дизајнер од кинеско потекло . Брендот настанува во 1996 година. Денес е сопственост на Labelux . Меѓу познатите клиенти се Викторија Бекам , Кристен Стјуарт , Ким Кардашијан , Џенифер Лопез , Ријана и др .
2 . Alexander McQueen - модел Faithful Collared Bootie - 1 190 долари
Британецот Мекквин работи за Givenchy од 1996 до 2001 година. Денес неговата марка е сопственост на Kering . Бил дизајнер на годината во Велика Британија 4 пати помеѓу 1996 и 2003 година.
1 . Christian Louboutin - сандали Maralena - 2 395 долари
Французинот прави претежно чевли . Познат е по тоа што го прави многу високи чевли , како и со тоа што почна да им става црвен ѓон, па многу други почнаа да го имитираат . Лобутин се обрати до судот , но не му дозволија да го патентира црвениот ѓон.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





