Топ 5 најплатени спортисти во светот
Објавено во: Стил 06 Јуни, 2013 16:25
Според Forbes Вудс заработил 78.1 милиони долари во изминатата година од наградни фондови, рекламни договори, трошоци за учество на турнири и проектирање на голф игралишта, со што повторно се искачи на првото место.
Второто место во рангирањето е за тенисерот Роџер Федерер со 71.5 милиони долари. Федерер кој има најимпресивно портфолио од реклами во спортот, како и 10 спонзори кои му плаќаат над 40 милиони долари годишно.
Приходите на Федерер скокна по серија демонстрации турнири во Јужна Америка во декември, кои му донесоа 14 милиони долари.
Меѓу првите три најдобро платени спортисти за изминатата година се вбројува Коби Брајант со годишен приход од 61.9 милиони долари. Во сезоната 2012-13 година тој бил со највисока плата во НБА трета година по ред. Тој добива плата од 27,8 милиони долари, што значи дека е 7 милиони долари повеќе од вториот најмногу платен кошаркар.
Четвртото место му припадна на Леброн Џејмс заработувва 59,8 милиони долари, од кои платата му е 17.8 милиони долари, а останатите 42 милиони долари ги добива од реклами.
На петтото место е Дру Брис кој заработува 51 милиони долари, од кои 40 милиони му се приходи од плата, а 11 милиони од реклами.
Во јули 2012 година Брис потпиша петгодишен договор вреден 100 милиони долари со Њу Орлеанс Сеинтс, во кој беше вклучен и бонус од 37 милиони долари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





