Топ не ја бие „Македонијатурист“! Од што, без да работи, заработи 1,12 милиони евра?
Објавено во: Економија 09 Август, 2024 08:05
Од редовното работење со хотелите и рестораните за половина година „Македонијатурист“ приходуваше 2,3 милиони евра и заради повисоките трошоци е во оперативна загуба. Но од своите заштеди и вложувања во акции и удели за истиот период има финансиски прилив од 1,12 милиони евра
Најголемата македонска хотелиерска компанија „Македонијатурист“ заработи 1,12 милиони евра од дивиденди на своите акции и од камати на своите вложувања во депозити за период од половина година, покажуваат најновите податоци од финансиските извештаи на оваа компанија достапни на берзанскиот сервис СЕИ-НЕТ.
Интересно е тоа што од основната дејност „Македонијатурист“ за првите шест месеци е во була односно загуба од 133.000 евра. Но по внесувањето на финансиските приходи и расходи и пресметаниот данок на добивка компанијата е во добивка од 916.000 евра. Таа добивка во целост е остварена само од добивките што компанијата ги оствари од своите вложувања.
Страгетијата на Доне Таневски, долгогодишниот менаџер и најголем акцинер на „Македонијатурист“ акумулираните добивки и заработки компанијата да ги вложува во акции, удели и во депозити даде одличен резултат на среден рок. Годинава во првите шест месеци приносите од вложувањата надминаа 1 милиони евра и се за 52 отсто повисоки од истиот период лани. Тоа е резултат од вложувања што заслужува респект.
Од извештајот за паричен тек се гледа дека од финансиските приходи најголем дел дошол од дивиденда на акциите што ги поседува „Македонијатурист“. Дури 822.000 евра се прилив од дивиденда, а најголем дел од нив се од акцијата на „Комерцијална банка“ во која од поодамна вложи „Македонијатурист“.
Ако се погледне билансот на состојба на „Македонијатурист“ импресионира фактот дека оваа хотелска компанија во хартии од вредност (акции, удели на фондови и обврзници) чува 20,12 милиони евра. Уште 9 милиони евра компанијата, според билансот на состојба, има во краткорочни вложувања.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




