ТОП ТРИ Фактори за намалување на невработеноста: козметика или реалност?
Објавено во: Економија 17 Јуни, 2016 08:55
Податоците покажуваат дека имаме намалување на невработеноста во сите македонски градови и села, што навистина е добар податок, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Експертите сметаат дека намалување на невработеноста главно се должи на два неекономски фактори. Првиот е иселувањето, особено иселувањето на младите лица, а вториот е што се регистрираа диво вработените. Третиот фактор е економски и се должи на отворениет инвестиции во слободните економски зони.
Еден од факторите кои имаат рефлексија на состојбата со намалување на невработеноста е токму одливот на работоспособно население во странство.
“Сметам дека одливот на работоспособно население има удел врз вкупната состојба на пазарот со работна сила, а со тоа и врз стапката на работоспособно население, која е основа за пресметка на вработеноста и невработеноста. Имено доколку стапката на работоспособно население се намалува, тогаш се намалува и основата за пресметка за вредностите за невработеноста и вработеноста“, рече неодамна професорот Ванчо Узунов.
Економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ смета дека главната причина лежи во регистрирање на диво вработените, односно во намалување на стапката на сива економија.
Инаку, најголем број од вработените на црно во изминатиов период ја искористија шансата за вработување преку субвенции од „Македонија вработува“.
Третата причина е економска и таа се должи на странските инвестиции. Иако бројката не е голема, се зборува за околу 13 илјади луѓе, тие сепак се вработени во фабрики од каде земаат плата.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




